Еко куќа може да биде и куќа градена без емисија на ЦО2, со разградливи материјали, со фармски одгледаномдрво итн итн

Се обидувама јас во последно време да научам за да утврдам што сакам да имам за она што планирам да го изведам. „Еко куќа“ одма го исфрлам како термин пошто тоа не е ни маркетинг туку е обична политичка кованица, слично како што оние кои сепарират отпад гордо сметаат дека рециклираат и ја спасува планетава од ѓубре (не дека не е дел од процесот, ама ако сакаш да си полезен подобро вложи труд во користење биоразградливи продукти).
Пробав да увидам што треба да направиш за да имаш еден од следниве потигнувања за куќата што јa бараш во однос на енергетската ефикасност и користење на останати ресурси, вклучувајќи и загадување на околината.
Следниве дефиниции и описи се далеку појасно опишани и се дефинирани кои аспекти треба да се земат во предвид за да се достигне соодветна цел.
За енергетска ефикасност два термина се наоѓаат во оптек:
- NZEB - Near Zero Energy Balance House
- Passive House
https://blog.passivehouse-international.org/passive-house-and-nzeb-how-do-they-relate/Но понатака се оди и со останатите делови од Екологијата од името ЕКО. Користење на ресурси и загадувањето на околината треба да се земат во предвид дополнително.
Управување со вода за домашна употреба и управување на отпадна вода, производство на сопствена енергија,
- Self Sustainable House (Self Sufficient,Off grid)
Дополнително на ова треба да се земе во предвид користење на еклошки материјали за да се намали влијанието на околината и дополнително да можеда се рециклираат употребените материјали доколку се растура објектот.
При тоа начинот на изведбa/градба (мнтажна, дрвена, бетонска, стаклена) воопшто не ставена како услов за да се постигнат саканите резултати во одреден сегмент. Но, во некои случаи за да се постигне целта треба да се користат соодветни материјали.
Така да кога барате нешто „ЕКО“ прво сами со себе договорете се кој дел од ЕКО сакате да го добиете и колку пари сте спремни да вградите. Обично повртот на средства не е баш прималиви кога ќе се погледнат цените на изведба.