Немора двокомпонентен, каков и да е поскап лепак ќе брка работа.. Ние користиме и продаваме најповеќе Parketolit 1514 од митол и досега не сме имале ни рекламации ни проблеми..
Имам паркет стар 20 години и на повеќе места е разделен, некоку парчиња сменети и изедени од црв е сега дали е најдобро да се пререди или да се китираат тие места кои се разделени затоа што кога е местен бил влажен? Мајсторот ми предоложи да се китира, ама пак не знам како ќе изгледа тоа, дали ќе се познава?
И пред стругање и лакирање дали треба да се премачка со нешто против црви?
Немаш пишано дали е одлепен паркетот или па само е разделен ?
Ние сите паркети ги китираме 2 пати со потечен кит за да навлези измеѓу дрвото и колку толку да го стегни.. Завршниот лак уште повеќе го зацврстува.. Нормално ако е одлепен ќе пукни китот после неколку години, али во најлош случај ќе има ситни пукнатини далеку помали од предходно..
Исто така паркетот (најповеќе буката) е многу променливо дрво и знае да се раздели при нагли промени на температура (најповеќе во близина на печка/шпорет) ... А зависи и како е земан паркетот, имам видено нов паркет немонтиран чуван 15 години на суво темно место целиот деформиран и направен скоро неупотреблив..
Китираното воопшто не се познава, китот се прави од прашината што излага од паркетот а за против црви нема потреба да се става ништо, од самата миризба ќе избегаат сите инсекти...
П.с. совет од мене за тие што планираат да местат, земајте само паркет од ДАБ, другото е сосема небитно..