Ако е лепен со битумен, вади го доколку крцка. Ова совет од мене пошто јас така се зезнав кога реновирав. Скоро и никаде не крцкаше, беа сменети неколку црвосани парчиња, се искитира, лакира топ си дојде и се тоа убаво до првото луфтирање во зима. Може грешката е од мене (жената), направив нагла промена на температура во просторија, почна да пуцкета и се одлепи на доста места, китираното испука и катастрофа се направи.
За разлика во кујната каде прередував паркет и го лепев со сегашниве лепаци, нема гајле еве веќе 5-6 години, камен е.