Си праам бајрам со паметот веќе неколку месеци, откако видов на продажба ултра ефтин плац на топ локација во Маврово. Почнав да си ја замислувам викендицата (подоцна би станала трајно живеалиште) од соништата. Мора да сонуваме нешто, нели?

Во глобала, сакам да прашам колку ќе чини изградба на карабина со карактеристики кои ќе пробам да ги објаснам подоле.
Основата на објектот е 7 метри Х 9.4 метри и има многу малку преградни ѕидови. Приземјето е такозвано open concept (скоро и да нема преградни ѕидови), додека катот е всушност 1/3 од кат, односно две спални соби (2 метри Х 3.5 метри) кои преку галерија го надгледуваат целиот дневен престој (кој би бил во висина на скоро 2 ката).
Кровот е на 3 води (така се викаше тростран кров?) и има два кровни прозорци во секоја спална.
Ме би сакал да знам колку евра/м2 чини најосновниот тип на градба што може да поднесе таков кров, па за додатоци и луксузирања ќе си оставам резерва со тек на време.

Еве слики некои, за визуелизација.
Приземје:

Кат:
