Дали некој градел со ytong цигли? Дали се подобри од класичните червени? Друг тип на цигли?
Дали овие цигли беа пиврзувани со ракови/болести?
Данке
тродупло поскапи се од црвените цигли за иста намена, но, изолациониот момент (термички) многу е битен, а акустичниот ќе биде решен така што со гипскартон ќе се облепи од внатре, а од надвор обична пвц фасада со мрежа... кога велам обична фасада, мислам на фасада без стиропор... тродуплата инвестиција во цигли, пресметковно би требало да се врати како разлика при климатизација на објектот за одприлика 4 години секако, одкако ке го изминусираш и стиропорот како изолација... и нај јакото е што кога се зида со црвени цигли, потребно е цирклажи да се бетонираат, а со ципорексот не... се гради и лепи со обичен лепак за плочки...
конкретно кај што работиме има два зида од преку 4 метри височина, без цирклаж, без ништо. зависи колку си “спремен“ за градба, но јас би ти рекол да го прифатиш ципорексот како нај добра солуција, без разлика што ке ти пишат за цигли црвени полнети со тервол, пурпена, стиропор и незнам што се уште што го нарекуваат ТЕРМО БЛОК... се тоа не е ни до пола по прашање термичка изолација, наспроти ципорексот... јас како термичар предложив северниот зид со ципорекс од 20 сантими дебелина да се зида, а другите со 15 сантимски. еден блок ципорекс ти е со висина од 25 сантими, должина 60 а дебелина имаш различна од 10 до 35 сантими, што со големината, во суштина го прави ципорекосот двојно поголем од црвената цигла по површина.. кога се ова ке го туриш на кантар, ке видиш дека црвена цигла+ стирпопор+фасада дури знае и поскапо да излезе, а ке треба и мешалка за бетон, колички, песок истурен у сред двор, цемет вреќи и еден куп занатски глупости, за разлика од ципорексот што можеш буквално сам да си го сработиш и да ушпараш едно 600-700 еура за зидарот на 40 квадрати објектче...
пред 10+ години, кога ја преградував терасата во станот, со само 10 сантимски ципорекс ја преградив, и ден денес си седи без никаков проблем, без никаква пукнатина, без никаков помест или оштетување... чекор понатаму е што на таа тераса од надвор не направив ништо, освен што самите цигли ги офарбав со фасадна боја... без мрежички, без фасади и лепаци, без ништо... зидот од внатре е топол во зимо, и со термална камера мерено, скоро и да нема оддавање на температурата надвор.. по темен е тој зид на термална камера (колку по темен, толку помали губитоци) дури и од сендвич зид со фасадна цигла.
едит.. ова го заборавив, за ракови и болести:
ципорексот е микс од гипс+цемент+кислород, за да се создадат меурчињата во него, што го прави и по лесен за работа и всушност тоа е тајната за термоизолацијата... тука нема ништо канцерогено или болештија... митот за ципорексот дека е таков е од порано, кога наместо кислород, турале АЗБЕСТ кој прави хемиска реакција со гипсот и го ослободува тој воздух за меурчуњата... тој ципорекс е забранет 15+ години и не се произведува више, ама стварно многу одамна...