Поради лошиот воздух и гадотиите зимно време, решивме да ја средиме викендицата.
Куќава е во с.Сушица, Скопско, на 35-6 км од дома ми е сега и се стига за 40 тина минути, откако ќе го пуштат новиот автопат за Св николе и штип ќе се стига за не повеќе од 20 тина минути, и убавото е што исклучувањет од автопатот има во претходното село во Средно Коњаре, така да мирот и тишината во селово каде што ми е куќата нема да се наруши.
Секако зимно време гледам секој викенд да избегаме на воздух, па годинава се решивме да ја оспсобиме викендицата баш онака за живеење.
Сменивме прозори и врати, имаше просторија која требаше да е ВЦ ама надвор имавме кенеф па сега кенефот го исчистивме и потрупавме и го правиме ВЦ -то, првава слика е од него премачкано е со хидромал флекс и сега ќе се лепат плочки, во меѓувреме ставена е инсталација за водовод низ цела куќа (претходно немаше) надвор имавме само една чешма. Корегирана е електричната инсталација, ставена е изолација на таванот, цел е излепен со 2см стиропор, ставено мпрежа и премачкан е.
Куќата има оџак ама имаше избушено само од едната соба, сега е средено од двете соби да има лули према главниот оџак.
Останува да се излепат плочките и да се нареди пархетот, се е купено и однесено, само бидејќи претежно работиме јас и татко ми со роднини и пријатели колку можеме, а тоа што неможеме и незнаеме со мајстори, малку споро иде работата ама битно иде не стоиме во место.
Еве неколку слики онака сликани од мене, ова е ВЦ то, на кое најмногу се радувам бидејќи баш поради отсуство на ВЦ ретко ја користевме куќата за со друштво и мали деца.

Еве слика и од лулата која поминува низ ходничето во влезот на куќата и влегува во главниот оџак, идејата е да го грее малку од малку ходничето.

И еве некоја слика и од надвор, сега за сега е вака, ама да средиме се внатре па ќе ставиме изолација и фасада и од надвор, ако стигнеме годинава ОК, ако од наредна пролет натака обавезно ќе средиме и тоа.
Тоа доле прозорот заграден со цигли е уствари гаража, која цела ќе се цементира доле и ќе се користи за остава на маси,столици, косилки итн, ама нема да остане вака грдо.



Ајде сега малку помош од Вас, бидејќи Ви реков дека претежно сами работиме, ама не ми се копа сам јама, ми треба некој кој има мал багер, од оние Бобкет да ми ископа јама, јамата ќе биде максимум 3 на 3 метра и е на 30 тина метри од куќата. Дали знаете некој што изнајмува/работи со мало багерче и да ми дадете контакт да се чујам да ми каже цена.
За крај неможем да опишам со колкав кеиф си ја правиме куќава, едвај чекам да се среди и дури мислам дека и би се преселил таму само да избегам од гадотииве и градскава џунгла, не дека и сега не одам често ама кога ќе ми биде цакум пакум средена подруго ќе биде, тогаш Шкодата поприлично ќе прави километража секој ден по еднаш па и двапати идими дојди ми до таму.