Автор Тема: ЕКО куќи  (Прочитано 1851614 пати)

Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7269
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #6165 на: 24 Мај 2018, 01:12:10 am »
Еве со слика за да биде појасно


Од деснава страна на сликата се влегува, а ваму најлево е прозорче мало кое има само решетка на него, нема никакво стакло и си има постојано провев. Со црвената боја е ѕидот што треба да се изолира, долг 9 метри, висок 2.5 метри.
И не планирам да го греам, ќе си останува и понатаму таква просторија за секакви работи да се ставаат таму.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5405
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #6166 на: 24 Мај 2018, 01:25:00 am »
OК тогаш е друга состојбата, ти веројатно само стирпор ќе лепиш (внатре е, нема да има ни сонце ни вода) и не плаќаш за работна рака пошто сам ќе го работиш.

Отсутен lans

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1297
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #6167 на: 24 Мај 2018, 01:26:47 am »
kolku bi mozel da baram za 6 stari sobni/vnatresni vrati,25 godini stari? so se kasi,so kvaki, komplet
VW Passat 2.0TDI 2015
Skoda Fabia 1.2TSI 110PS DSG7 2016
Honda SH150i  2020

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10612
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #6168 на: 24 Мај 2018, 01:53:51 am »
Еве со слика за да биде појасно
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Од деснава страна на сликата се влегува, а ваму најлево е прозорче мало кое има само решетка на него, нема никакво стакло и си има постојано провев. Со црвената боја е ѕидот што треба да се изолира, долг 9 метри, висок 2.5 метри.
И не планирам да го греам, ќе си останува и понатаму таква просторија за секакви работи да се ставаат таму.
Според мене, одлучувачки фактор би бил цена и цврстина, изолација секако ќе добиеш. Ако не ти е скапа разликата во цена, стиродур е нешто поотпорен на удар при невнимание.

Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7269
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #6169 на: 24 Мај 2018, 02:09:53 am »
OК тогаш е друга состојбата, ти веројатно само стирпор ќе лепиш (внатре е, нема да има ни сонце ни вода) и не плаќаш за работна рака пошто сам ќе го работиш.

Да. Ке видам дали само до мрежа и лепак ке го оставам или и глет маса ке нанесам на крај. Би требало да фати глет масата на лепакот. И да не фака и да се лушти, сепак е подрум и онака не се малтарени ѕидовите, туку се бетонски и така се оставени без финален малтер.

]Според мене, одлучувачки фактор би бил цена и цврстина, изолација секако ќе добиеш. Ако не ти е скапа разликата во цена, стиродур е нешто поотпорен на удар при невнимание.

Па според пресметки некои груби што ги правам, ако ставам 5 цм графитен, некаде 8500-9000 денари би фатило се, У-врска, лепак, стиропор, мрежа, таа една боја има потоа што се премачкува и на крај глет маса. Се мислам дали и глет маса да ставам, али пошто една вреќа глет маса е околу 330 денари и е за околу 40 квадрати, така да не е страшно. А со стиродур, некаде плус 2500 денари на тие 9000 би отишле. Тука некаде иде целата сума на чинење.


Фала ви на одговорите на сите.



Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55335
  • Махер
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #6170 на: 24 Мај 2018, 09:19:47 am »
Шпајз му е тоа на човекот. Внатре си е.


Разликата во изолација е премногу мала за да се спомне воопшто. Стави било што, буквално.

Отсутен Power to the people

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7400
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #6171 на: 24 Мај 2018, 09:58:27 am »
Пред некое време стигнаа два џамој, 140х120 и 140х180, Lesna демек  „словенски“, ама интернетот не вика така, со Рото оков.
~ 34 000ден двата, не бојадисани, јас ќе ги мачкам, оти 5000ден се доплаќаше за една рака боја.




Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7269
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #6172 на: 24 Мај 2018, 21:29:48 pm »
Шпајз му е тоа на човекот. Внатре си е.


Разликата во изолација е премногу мала за да се спомне воопшто. Стави било што, буквално.

Па најверојатно ќе биде стиродур. Здравје боже на есен.
А не ми текнало досега да ја измерам температурата али пошто морам да бидам со јакна облечен додека сум внатре, така да поприлично е ладен. Наредно зимо ќе измерам.

Отсутен Ducky

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 249
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #6173 на: 24 Мај 2018, 23:44:44 pm »
Дали некој знае колку чини изградба на куќа, квадрат, клуч на рака?

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8385
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #6174 на: 28 Мај 2018, 17:58:24 pm »
Зависи. Многу зависи.

Под 250 евра за квадрат, тешко.

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17679
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #6175 на: 28 Мај 2018, 19:18:50 pm »
kolku bi mozel da baram za 6 stari sobni/vnatresni vrati,25 godini stari? so se kasi,so kvaki, komplet


Нека ги носат монтерите со себе. Ја така си се пазарив и за внатрешни и за надворешни ...


Кога би имал време можда би ги објавил, али тури му мкнење, складирање, пичке си материне ...

Отсутен Ducky

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 249
ЕКО куќи
« Одговори #6176 на: 28 Мај 2018, 23:46:31 pm »
Зависи. Многу зависи.

Под 250 евра за квадрат, тешко.
Доградба на спрат врз барака, високо поткровје, без збеснување со високо квалитетни материјали на плочки, внатрешни врати и слично. Значи 300 евра е тамам цена одприлика?

Ако има некој да препорача саглам фирма нека пише контакт.

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8385
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #6177 на: 29 Мај 2018, 00:00:30 am »
Да. 300 евра сметам дека е коректна цена, особено за Скопје. Тоа е цена за основни материјали. Претходно убаво прецизирај што добиваш за цената, која дебелина на железо во столб, трегер, колку лопати песок со колку лопати цемент ќе комбинираат, дали че ти стават столб во калканите, оџак, преградни ѕидови... Да до тој дтепен на детали оди за да не те боли глава од после.

Не знам од каде си, за Кавадарци можам да препорачам. За други реони не.

Едит.
Во врска со цената, сепак цената ја крева роа дали ќе ставаш темели, столбови и плоча. Големина на кров... ќе ме корегира некон кој конкретно знае што претставува доградување врз барака. Малку избрзав ама држи вода и моето.

Отсутен Ducky

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 249
ЕКО куќи
« Одговори #6178 на: 29 Мај 2018, 00:23:45 am »
Да. 300 евра сметам дека е коректна цена, особено за Скопје. Тоа е цена за основни материјали. Претходно убаво прецизирај што добиваш за цената, која дебелина на железо во столб, трегер, колку лопати песок со колку лопати цемент ќе комбинираат, дали че ти стават столб во калканите, оџак, преградни ѕидови... Да до тој дтепен на детали оди за да не те боли глава од после.

Не знам од каде си, за Кавадарци можам да препорачам. За други реони не.

Едит.
Во врска со цената, сепак цената ја крева роа дали ќе ставаш темели, столбови и плоча. Големина на кров... ќе ме корегира некон кој конкретно знае што претставува доградување врз барака. Малку избрзав ама држи вода и моето.
За Скопје се работи.
Треба да се стават повеќе столбови и плоча и да се пушти некое метро од страните за да се добие поголема квадратура од стариот објект.
Во план сум да градам сега собирам информации, до понуди не сум стигнал сеуште.
Фала на совет.

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11177
  • Ќybriт Pro Max
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #6179 на: 29 Мај 2018, 08:02:05 am »
зависи дали и комуналии калкулираш во цената по квадрат
плочки, патос, дограма, греење/ладење најмногу качуваат/намалуваат на цена
отприлика рачунај 350-400 еу/м2 за саглам градба