Да ве прашам оние што се разбирате повеќе. Имено, дали има одредена разлика помеѓу бел стиропор, графитен стиропор и стиродур во поглед на термоизолација ?
Како што гледам според спецификации за секој од нив, нема особено некоја голема разлика, односно декларираната топлинска спроводливост на белиот стиропор му е λd = 0,0310 / 0,0325 W/mK, на стиродурот λd = 0,0320 / 0,0330 W/mK и на графитниот λd = 0,0298 / 0,0312 W/mK
Според ова, на прво место е графитниот стиропор, па белиот, па на крај иде стиродурот, али колку е тоа драстична разлика ? Пример на дебелина од 5 цм, кој подобро ке изолира, белиот, графитниот или стиродурот ?
Се работи за изолација на еден ѕид кој е подрум, реално најдобро е да се иде со стиродур ако гледаме со оглед на тоа дека тој е најтврдопресуван од сите и е најотпорен на механички оштетувања, али дали би била иста изолацијата во однос на иста дебелина на бел или графитен стиропор ?
А од друга страна ценовно е доста поскап стиродурот, 5 цм дебел стиродур е 275 денари за метар квадратен.
Како за илустрација, за 265 денари за метар квардатен се зема 10 цм бел стиропор или за 290 денари за метар квадратен се зема 8 цм графитен стиропор (има една табела каде што вели дека 8 цм графитен стиропор одговараат на 11 цм бел стиропор)