
Шо фин муабет сте направиле.
Немам ни јас најдено точна дефиниција за тераси и балкони. Знам дека кафичите имаат тераси, а не балкони. Од таму можи да се тргни со логика што е што.
Најбитно кај нас е висинита на комуналии платени за тие простории. Таму има дефиниции. Дали е со 1, 2 или 3 ѕида оградена терасата.
@vlatko.klp Трендот на правење тераси кои не излегуваат од габаритот на зградата е глупаво правило на Општина Аеродром.
Во законот за градење си стои убаво во кои услови можиш да исфрлиш еркер.
Еркер се вика тој делот кој виси вон габарит.
Арно ама Општина Аеродром не дозволува да се прават еркери без посебна причина. Ние еднаш запнавме за тоа и ја истеравме на велико. Успеавме и сме единствени со еркери во Аеродром.
Еве ја зградата.
http://www.bokaraton.mk/Ако загледаш во згради во други општини се појавуваат еркери.
Адора игра на сигурна карта. Да не се замара многу со „компилицирани“ објекти, не прави такви еркери.
Исто така еркерите некаде влегуваат во бруто развиена површина, некаде не. Во опш. центар еркерите не влегуваат во Брутото. Така да после параметрите дадени во ДУП можи да се добијат повеќе квадрати со еркери.
Има и други правила за нив, да не замарам за џабе.