Добро де Осумка - па има и готови прозори. Поефтини се, а кога градиш ќе направиш точна дупка за нив. 
Сигурно знаеш, не дека се правам паметен. Само да потсетам.
Има да. Тие се стандардни прозори. Кои се вградуваат според предходно подготвени отвори кои се стандардни.
Најчесто се во димензии кои се често користени при изградба.
Баш тие прозори се за кои јас зборувам. Тие прозори се таа димензија која што ја ја трубам дека треба да биди предвидена.
Е сега за разлика од тоа ѕидот кој што се ѕида, можи да биди со било која висина така? Епа зошто да има парапет 110 - 105 - 115 кога треба да си биди 90?
а зашто парапетот треба да биде 90? по чив терк? по чив норматив? по бон тон? јас работам со парно. радијатори се тураат под прозор скоро 99% од нив... знаеш ли ти колку парапети гледам 90 да бидат? скоро ич... сите се помеѓу65 и 75... ретко 80 па нагоре... абе индивидуално е тоа... како можеш да кажеш дека парапетот ТРЕБА ДА БИДЕ 90.. ај молим те објасни ми зашто треба да биде толку? еве архитект си, си учел велиш, знаеш нели, јас сум глуп парногреач и незнам зашто мора да биде баш 90?
Димензијата на парапетот зависи од намената на просторијата и нормално според ориентацијата.
Постојат различни димензии кои се земааат во предвид.
Од 0 до 160см.
Нормално според потребите.
Димензијата од 75 - 100 см, е установена за најнормална димензија на парапет за употреба во станбени објекти.
Димензијата не е тресната од ракав, туку е установена од потребите.
Кога веќе те интересира: Маса за во трпезарија има висина од 75 - 80 см, ако таа маса се наоѓа покрај прозор, нема да можиш да го отвориш прозорот.
Ако во дневната имаш некој тросед сместен под прозор истиот нема да можи да се отвора. Овај е пример од кај мене во Битола, троседот за малку го блокира прозорот.
Можи ќе ми речиш сега дека треба да си купам некој тросед што има пониска страна за потпирање, ама тоа не е решение. Нали?
Овде каде што живеам сега, во Скопје, зградата е постара и е градена според стандарди за градење. Овде парапетот е 100ка. И е одличен. Ама нормално овде висината на таван ми е 3 м, па од таму тргни со димензиите.
Немој да ги земаш за релевантен пример новите згради кои се направени од хартија и се проектирани од некој што нема блага врска со Архитектура.
Други прашања?