Ај да не бидам серГЕЈ, ке ставам некоја слика од тоа што работам деновиве.
Значи се одцепив, кичма ме боли више..
Има еден куп глупости што останаа во дворот после градењето и никако да дојде време и ред да се среди се тоа. Ама ете. Дојде моментот кога ме фати инат и решив да го подсредам дворот.
Срушив импровизираните објекти и ломот полека се исфрла. До сега 2 приколку од трактор ѓубре и остатоци од градење.
Зидам зид во висина од 1.8м од две страни, доле ке има плоча, а после планирам летниковец со дрвени греди, покриен со шиндра на 4 води.
Сега за сега работите се одвиваат споро, бидејќи работам за викенди со таткоми. Ј-би га, времето на другарот Тито помина, заминаа и другарите. Сеа се останати само господа и госпоѓи, па нема кој да дое да меша бетон. Освен еден близок пријател од С.Свиларе, македонец од албанско етничко потекло, на кого можам и куќата да му ја оставам кога би му требала. Он ми набавва песок, материјали покрупни, ми ги транспортира со тракторот, исфрла шут и по потреба го викам за било каква работа. Господ здравје да му даде. У пола ноќ да му се јавам, ке дојде.
Е сега, да се вратиме на темата.
Оваква е ситуацијата:


Следеше копање на темелче на кое ке се зида зидот и кршење на старото бетонско цокле од оградата.

Бетонирање на темелчето

Припрема на местото каде ке се става плочата. Спремање на одвод, канализација и атмосферска канализација, се поврзано во чвор.
Поставување на арматура, мрежа и тампон. Стариот бетон што остана да не го кршам за џабе, премачкан со У врска врз кој дојде нов слој од некој си 8 до 10 цм свеж бетон.


Плочата:


Следуваше зидање на зидовите, шалување на ступчињата и денес конечно тоа средено. Останува да направам шалунзи за цокле кое ке дојде врз бетонските блокови, најверојатно тоа ке се избетонира утре, или во текот на неделава. Апдејт со слики. Инаку низ зидовите е пуштена вода и струја.
На крај од внатрешна страна зидовите ке се поминат со мреќа и лепак и врз нив абриб како што ми е фасадата, а на надворешните зидови ке оди само лепак и фасадна боја.



