Качување цени х10, само заради тоа што дошле странци е глупава работа.
Што ако таксито кај нас е 5 евра, а во Германија 50? Тоа оправдува покачување на цените? Или покачување на цената на пивото за 500 проценти?
Не, тоа те прави да бидеш кратковид, прост и глуп. Дигни цени 10%, дигни цени 20%, па после врати ги. Сите локалци ќе го разберат тоа. А од локалците си живеел прошливе 5 години, и треба да живееш следните 15. Странците сега, па кујзнае кога. А и треба да играме паметно - да имаме пониски цени, за пак да дојдат.
Глупи сме за многу работи. Не размислуваме долгорочно. Фудбалов само го потврдува тоа повторно, да не праиме муабет за расизмот што пробуваме да го потскриеме под превез на некаква интернет-инспирирана либералност, што деновиве толку убаво и јасно искача на виделина, дури и кај луѓе кај кои не сум го очекувал.