Во Брисел до аеродром со градски превоз билетот е две евра. Поврзан е со Миди и Норд железничките. Имаат и станица за возови во подрум.
Во Шалероа, исто, имаш shuttle bus.
Во Келн/Бонн до аеродром се оди со S-Bahn. 2.80 евра е билетот. Во Дизелдoрф имаш станица за воз па со AirTrain одиш до терминалите. Имаат автобуси исто од сите главни точки во градот до аеродромот.
Франкфурт, исто. Имаат Дојче-Бан станица до него. Кога купуваш авионски билет до некоја подалечна дестинација, автоматски имаш и билет за ICE (експресните возови во Германија).
Берлин, исто имаат тролеи/автобуси/штрасенбан до Тегел и Шјоненфелд.
Дортмунд, сакаш со shuttle bus до железничка, сакаш до најблиската ДојчеБан станица, сакаш и пеш до најблиската ДБ станинца.
Ајндховен, излегуваш од аеродром, влегуваш во автобус.
Во Бостон, излегуваш од аеродром влегуваш во автобус кој те носи до Boston South Station.
Bo Њујорк, слетуваш на Кенеди, влегуваш директно во AirTrain, одиш на Џамајка стејшн, па возиш со метро кај сакаш.
Инаку да, сите такси компании низ европа си имаат фиксна тарифа за до аеродромите. А зошто би користил такси, не знам. Освен ако не ти е прескапо времето, и ти е премногу важно да пристигнеш некаде на состанок и ќе изгубиш многу пари ако задоцниш...