Вакви морони ме вадат од такт.


Бев на матурска вечер и се паркирав пред влез на една куќа пред колата на сопственикот на таа куќа, и оставив доволно место за да не сметам. Пред мене беше паркирано едно поло и оставил простор помалку од пола метар, а овој дебилот е вака се залепил до мене а напред си оставил место од другата кола за да може да излезе, и го блокирал влезот на луѓето, а и мене ме блокирал.
Чекав едно 20тина минути, и од матурска си одат некои луѓе, ги прашав дали ги познаваат луѓето, тој со полото го знаеле, му се јавија, дојде овој, му викам вака ли се паркира, ни а ни б си влезе во кола и да го нема. Ти чекај си ако немаш друга работа.

Воедно поздрав до клаберот од Гевгелија со бора, кој ме престигна на булеварот после мостот од десна страна а јас си возев уредно 40km/h бидејќи знам дека чекаат плави оркестар малку подоле.
И да, возев во лева лента дека има паркирано коли во десната лента и е блокирана.
