Тоа не е спорно, никој не те пази ако сам не се пазиш. Тоа оди без спомнување, ама многу нервира што некои од вас по дифолт ги абсолвирате возачите, дури и ваквите идиоти како возачов од примеров. „Пешакот не ни ја подзаврте главата на десно“ - демек иста тежина имаат: грешката на негледање десно на пешакот кој преминува пешачки премин, и грешките како возење без гледање напред(!), ненамалување брзина пред пешачки премин и газење пешак на пешачки премин без никаков обид за кочење.
ОК, пешакот во примерот е возрасна девојка која требало да биде одговорна за својата безбедност. Ама дали сите пешаци се способни да бидат одговорни за себе. Колку лесно во истата таа ситуација можеше да биде некое дете, или полошо - деца? И сега што, неколкугодишни дечиња ќе ги ставате на истиот кантар со возрасен човек?? Иста моќ на расудување имаат? Иста одговорност?
Абе кога се вози моторно возило се управува со тешка машинерија која е многу лесно способна да убие луѓе. Одговорноста е на страна на возачот да не удри пешак. Ако јас одам на лов со оружје во рака, моја е одговорноста ако погодам човек - па дури и ако истиот ми истрчал пред пушката. Исто е и со возилата. Затоа се ограничувањата за максимална брзина такви какви што се, затоа што во урбани среди има многу индивидуи кои не одговорни за себе, деца се ебаго, има и болни, полуслепи, се се случува. Кога ќе ти поминат или истрчаат пред ауто не е сеедно дали возиш со 50, или со 90.
Не е сеедно ни тоа што пола од возачиве ги гледам како возат со една рака додека зборат, или се буљат во мобилни телефони. А тоа што има и многу поголеми идиоти кои возат пијани и/или се тркаат со огромни брзини, никако не ги оправдува овие претходниве.