пред малку се вратив од пајак служба.. на братов колава му ја кренаа, па врти сучи да си ја земе... и со полицаецот таму свртев 2-3 реда муабет, му кажувам за дешавкава денес со вонредниот технички и за комбето мааало дупче на шофершајбната, со 1100 евра казна... и ми вика, не.. грешка си нешто... неможе да биде под 1400 евра казна... возачот, веројатно не ја видел казната за управителот...
кога се пишува казна на возило на фирма, всушност (нај често) тоа се 3 казни. една за фирмата, една за возачот и една за управителот на фирмата. таа за фирмата почнува од 1000 евра па нагоре, таа за управителот почнува од 200 евра па нагоре а таа за возачот почнува од 100 евра па нагоре... во законот си пишува за што колку се казнува...
и сега, му викам, ако ете, ми деси на мене онаква ситуација, да имам дупче на шофершајбна, по дефиниција, ке ми штракнете 1400 евра казна, и ке мора се јас да си платам, пошто сум и сопственик на фирмата и управител и возач.. е да, вика полицаецов, ке треба се да си платиш... ај последно прашање викам, што ако комбето е на физичко лице? колкава ке биде казната?
е па, казната за прекршокот за возачот е иста, без оглед дали е на фирма или на физичко лице... разликата е што ако е фирма има казни и за фирмата и за управителот, а за физичкото лице ги нема тие, па само казната за возачот...
ахааа... фала на информација му велам... и уште додека чекав таму, му пратив меил на сметководителот мој, за утре да припреми документи, да си го префрлам комбето на мое име... па добро бе.... има ли логика за иста работа едни (без фирма) да казнуваш 100 евра, други 1400 (со фирма)? која е логиката тука? ај ке речеш фирма е, па иди пута 2 од казната... ама не толкава разлика, стварно е бесмислено... 14 пати е разликата...
а пази ова... ми посочија само, не ми пишаа.. на комбето треба да имам 2 налепници... една 80 друга 100. толку ми се огранучувањата... таа од 100 ја немам... за возачот е 50 евра казната... за фирмата 1000 а за управителот е 150... пази кој парадокс... од 50 евра за физичко лице до 1200 за фирмата твоја... 24 пати е разликата...
и кога ке си го вратам филмот, за мочаното картонче од пп апаратот што ми истекло, сакаа да ми пишат 2500 евра... хух... 200 денари е картончето...
море го паркирам комбето и додека не извадам сообраќајна на мое име, НЕ ГО МРДАМ од гаража...