Банзаи, очигледно е дека различно го толкуваме текстот од законот.
- You may pass a vehicle on the right only in the situations listed below, and only if you can do so safely.
Toa e од законот а ако зборувам од личен аспект, за мене не е безбедно да поминеш покрај две застанати ленти возила, безгрижно и без да намалиш брзина на движење.
Посебно што се работи за пат, а не за булевар, и нема ни вртење на лево ни видлива причина зошто се застанати возилата во другите ленти. Сешто може да има напред, без разлика што десната лента изгледа слободна.
Ако ништо друго, некој друг непрепазлив возач може ненадејно да реши да смени лента, или да отвори врата... Многу причини за значително намалување на брзината.
Момци, не сакам сега да излезе дека инает со води... и мислам дека после овој пост ќе престанам.
Се што кажувам, е дека за несреќна ситуација често се потребни барем двајца што ќе згрешат. Во случајов Хондата да возеше претпазливо, немаше да го удри велосипедистот и покрај тоа што истиот е очигледно крив. Исто како што и велосипедистот да застанеше пред последната лента (која не виде дали е слободна), немаше да биде удрен. Криви се двете страни. Морално, а за правно баш би било интересно како пресудил судот (ако имало парница).
Тоа дека велосипедистот не требало воопшто да помине таму можеби е точно, ама како што гледате на километри нема надвозник или друг премин... дали и вие не би поминале таму? Проблемот не е преминување нормално и претпазливо кога ќе се може, проблемот е што пацерот поминал без гледање дали е безбедно.
Сум имал и сам многу ситуации каде чисто заради моја реакција не се случила несреќа. Дали е во ред само од мојата реакција да зависи исходот? Дали е во ред што некој друг направил прекршок?
- Се разбира дека не е во ред. Ама одговорноста е и на мене, како учесник во сообраќајот да направам што можам, за да не дојде до несреќа.
Тоа е од мене, а вие како сакате. Знам дека ова е автомобилски форум, ама сите ние сме и возачи и пешаци и велосипедисти, некој повеќе а некој помалку. Во секој случај сите имаме некој близок што е повеќе пешак или велосипедист.
Ако навистина мислите дека е во ред во такви ситуации да се поминува така безгрижно и без забавување покрај ненадејно застанати возила... сигурно нема јас да ве спречам. Ама сепак сетете се како заврши овој случај, и како поинаку можеше да заврши.
Дали тие неколку секунди што ќе се заштедат ако не се намали брзината таму, дали вредат за траумите, последиците и штетите што очигледно може да се десат, и се дешаваат.