Ван малце погрешно го толкува законот.
T раскрсница е, ама како прво велосипедистот не е навлезен во раскрсницата како што треба, него самиот си ја прави да биде класична + раскрсница, си додава лента низ тревникот. Законот важи за тие од паркингот или што и да е, ако се веќе навлезени во раскрсницата треба овој со џипот да ги сочека. Пример за велосипедистов, вози некој по партизанска во правец према центар и кај универзална му текне преку пешачкиот да помине накај апче. Дали јас ако возам од центар накај Броз треба да го почекам дека веќе навлегол на раскрсницата (Т раскрсница на партизанска со уличката према Апче) и он има предност дека веќе навлегол на таа Т раскрсница, ама од сосема десета страна?
И второ, тоа што го цитира Ван е за раскрсници каде нема никаква сигнализација, на оваа конкретна раскрсница на видеото има хоризонтална сигнализација (на улицата), па тие од паркингот мора да застанат пред да се вклучат на главнава улица со 3 ленти. Али ова е сосема небитно за ситуацијата со точаков.
Според мене (ако законите им се како нашите) главната вина ја има велосипедистот, џипот само требало да поднамали затоа што наидува на раскрсница и другите стојат. Ниту претекнува, ниту заобиколува некого. А другиве очигледно се застанати затоа што чекале семафор, затоа што има застанато коли и после точакот, не го чекале него сите.