Да се надоврзам, секогаш ама секогаш пропуштам пешаци

него муабетот ми беше, односно ситуацијата беше, возам едвај 30 и наеднаш мајка и дете кои идат по тротар ( свртени со грб кон мене) вртат лево и сака да помине улица. Ја у тој момент се наоѓам некој 5-6 метра од пешачкиот, она ме гледа дека доаѓам и наместо да застане она се утрчува, ја морам да почнам да кочам одма, го правам тоа, али со ол сизн гумите патеката на кочење не ми у најдобра форма ( да моја грешка!!!!) али ипак, кога си со дете мори не 4 не 16 туку 166 очи отворени! Ајде мене ме помина, ама од другата лента типче едно што беше позалетано ќе ја собереше немаше ни да примети.
Значи да, сум за да се препуштаат пешаци и го правам тоа, ама некогаш неможе некој од така да му текне да помине улица, кочниците не секогаш укопуваат у место! уствари никогаш не го прават тоа!
А за снегот, се сложувам потполно дека не се чисти и дека повисоки луѓе се криви, ама кога веќе некој го чисти својот двор/пред врата/тротоар пред својата куќа, може многу убаво да направи едно купче залепено до оградата, а не да го фрла на улица за "ние колите да го разгазиме и ќе се растопи" -- Лани така пред СП маркет го чистеше еден тротоарот ми фрли директно на хауба снег, испаничив ептен мислев човек качив на хауба, срце ми застана
И стварно сум многу релаксиран кога возам, ретко ме вадат ситуации од такт, овде само пишувам повеќе што ми пречи, а не што ме нервира