Друга ситуација, мајка и дете ќе поминува со трчање на пешачки, ај што трча се лизга надвор како лудо, па и ние со коли треба нагло да кочиш да не ја лупнеш, а немоеш да докочиш. До толку ли да се нема памет :S абе со дете си мори гуско
Луѓево откако падна снегов, или изгубиле памет, или не им е мил животот...
Одат по сред улица, а бе како не размислуваат дека некој ке ги собере од позади... Врв ми се оние кои одат паралелно со улицата, и тоа на коловоз, и од еднаш ке му текне да помине улица ...
Што би кажал Дени, море марш бре у пизду материну тамо на тротоарот!!!
Луѓето немаат каде да се движат...Нема чиста пешачка патека...
Да видиш во Германија прво се чистат пешачките и велосипедските патеки, се фрла гранулат, и после се чистат улици...Затоа што недај боже некој да скрши нога, има прави дури и државата да ја тужи...И нормално може да си добие на суд и да му биде платена оштета.
Кај нас целиот снег се фрла на пешачка патека. Не ме чуди што има толку народ со искршени нозе ова време... + денеска видов мајки со колички кои немаат каде да се движат. А и ме чуди како тоа сте толку нервозни за пешаци, кога гледате колку е лошо времето?
Како можеш да не закочиш??Прво на пешачки ако има пешаци се застанува, прво и основно се учи тоа. Ако брзината си ја прилагодиш на условите на патот, во секое време ке си застанеш..Нормално ако возиш 80, нема ни на суво да застанеш, а камоли на снег...
Сале, воопшто немам проблем да застанам на пешачки премин, многу почитувам луѓе кои поминуваат на обележан премин, и секогаш им застанувам и чекам, со исклучок на едно место во Куманово каде што не поминува народ, туку стока.
Имам проблем кога некој во коловоз во кој се одвива сообраќај во 2 насоки, оди 1 метар од ивичњакот, во средината на мојата лента.
Разбирам снег и студ, ама, тргнувам од себе.
Едно од првите правила за пешаци... Ако не можам да одам по тротоар(ова само во екстремни услови), секогаш одам на спротивната страна од лентата на движење, каде што возилата ми доаѓаат директно и ги гледам,
никако да ми доаѓаат од зад грб во овие услови. Одам до самиот раб, а не на сред улица. Гледаат дека возило им се приближува, и не се тргаат... Е, ова ја зоврива водата во лончето.
Возам 30-40 максимум во овие услови, со доволно време и растојание од возилото пред мене за застанување.
Но, ако некој кретен, на кој не му е мил животот, решил да скокне од зад паркирана кола директно на коловоз, без да види дали наидува кола, заслужува да го прегазиш.
Нема да можеш да застанеш и на сув коловоз возејки 30 кога некој ке ти излезе на тој начин. Кретени!
Нема никогаш да имам разбирање за луѓе кои вртат грб на сообраќај кој директно иде на нив во услови лизгави и замрзнати патишта.
Си ми реплицирал на мојот пост за непропуштање на пешачки, а никаде не реков дека не треба да се пропуштаат пешаци на премин.