Да, ок, проблемот е што кај нас се недисциплинирани возачите на кружен тек, па овие гумени бариери колку-толку ги дисциплинираат. Секој кружен тек што е со повеќе од една лента, брутално се сече по најкратката патека, божем тркачка стаза е, а не кружен тек, а жмигавец е заборавен поим. Затоа реков дека баш ми се допаѓа што може да поминеш на точно одредени места, кои се доста природно наместени, па ако поминуваш не ти пречат, ем мора да извнимаваш на возилото од десна страна.