Кога гледав како функционира осигурувањето за точаци во UK, дојдов до оваа процедура:
- Купуваш точак.
- Одиш со сметката во осигурителна компанија.
- Осигурителната компанија го евидентира точакот по сериски број, го фотографира точакот и сите поважни компоненти.
- Врз основа на приложената сметка, ти пресметува колку треба да платиш.
- Плаќаш.
- Точакот ти е осигуран.
Е сега... „Ама јас сум купил можеби поскапи тркала/поскапи гуми/поскапи штоидае, што ако ми ги украдат?“ Во случај да купиш нешто поскапо за точакот, одиш со сметката за тоа во истата осигурителна компанија, ти прават рекалкулција и си доплаќаш разлика за поскапите тркала/гуми/мењачи/тралала. Ако не доплатиш, и ти го украдат точакот, јебига, сам си крив.
Мислам дека немаат механизам за украдени делови, него само за цел точак.
Дека има можности за превари, секако дека има. Ама затоа и осигурувањето за точак е многу поскапо од осигурувањето за кола, да речеме.