Муабетот дека платите секаде биле повисоки, па треба и нашите да се качат е добар, логичен и за поздравување.
Муабетот дека сите други трошоци секаде се повисоки, па нормално е да кажеме дека нашите не се воопшто високи е богохулие, срамота, ти си комуњар/вмровец и слично

Да не се разбереме погрешно, јас не тврдам дека ако цената на паркингот од 1000че се качи на 3000 месечно дека таа разлика од 2000 ќе оди на одржување на паркингот и подобри услови за тие што паркираат. Македонија сме, од тие 2000 разлика, 2300 ќе идат за Вицето. Тоа е најголемиот проблем, ќе се дадат 5 милиони за гаража, ќе пропадне за 2 години од неквалитет и неодржување.
Али дека 1000 денари месечен паркинг за во строг центар на град во релативно нова катна гаража со скршени врати и без лифт е плафон цена е нереално. Не мора да споредуваме со Београд дека нели смееме да правиме споредби само ако за нас е подобро, а не и полошо. Да споредиме со било која цена на паркинг во Центар на Скопје. 33 денари дневно има ли на друго место во Центар и тоа колата да ти е под кров? Сега со покачувањето цената е 59 денари дневно.
1000че беше премија, сега новава цена е според мене реална, али можеа како седмица да направат, по 200 денари да креваат на три месеци и така немаше да се буниме

Да повторам трет пат, не верувам дека покачувањето ќе се искористи паметно, али во исто време не верувам дека една катна гаража може да функционира, не пари да прави, туку само да функционира со 1000 денари од кола месечно.