Ради „домашно воспитание“ сабајле пред ЈБТ ќе раздигаа еден човек на пешачки, ради тоа што две коли од внатрешните ленти застанаа да го пуштат да пројде, арно ама на еден образован тип со Шкода Румстер на лентата најблиску до тротоарот према ЈБТ, не му се чекаше, туку многу многу многу му се брзаше, пошто е он најбитен у свет, и се реши дека тоа е правиот момент да се убрза, пошто обичните идиотични смртници непотребно застанале за некоја бедна душа да помине на пешачки.
Ме нервираат стари луѓе на точак. Уствари поише ме плашат него ли што ме нервираат. Ме нервираат трактори/запрежни коли/моторчиња „приколици“ низ централно градско подрачје.