Многу ме нервира менталитетот на луѓето у Скопје, што се тиче хигиената. Значи се враќам од факс со точак, и ја дупнав гумата на такво капаче за штраф со три шилци, за на дрво. Значи свашта, на патеката за пешаци покрај Партизанска такви работи да се фрлаат.... Хаос.
И многу ме нервираат возачи кои на семафори не даваат жмигавец за вртење десно... Значи каков деген сум сретнал денес, тоа е чудо. Поминувам на семафорите кај Сити Мол туркајќи го точакот (а претходно изреволтиран од тоа што сум ја дупнал гумата со стварно банална ствар), и гледам од лево дали доаѓаат коли, имаше еден дечко онака подзалетан, и одма пред да влезе во лентата за право, се убаци во лентата за десно, наравно без жмигавец. Јас го чекав да помине или да застане, за да поминам јас. Застана на пола пешачки, и ги пропушти пешаците (дел од нив). Кога тргнав и јас да поминувам пешачки пред него, он нагази на гаста таман пред јас да поминам. Значи 15тина центиметри имаше меѓу него и точакот... Да не го свртев воланот, ќе го удрев, ќе имаше без врска расправија. И го гледам типацов, внатре у кола цела фамилија вози, а дегенов, тој у фаца ретос ипол, окезен од уво до уво и со таков тинејџерски копиљачки поглед.
Не ми се верува какви све идиоти возат низ Скопјево, тоа е чудо. Па кога веќе се застанува на пешачки да се пропуштат пешаци, се пропуштаат сите, а не само дел од нив и другите кој ги е*е... Па кој им дал возачка бре алоо... Хаос...
Едноставно,
Хаос.