Дечки денес бев во Авто-Мобил во Аеродром на проверка на амортизерите, и испадна дека предните се супер, задниот лев амортизер е сосема отиден, десниот заден бил ок. Ми понудија за Ауди А3-кава 8П, Монро амортизер 2900 денари со монтажа по парче. Прашањето ми беше, дали да го менувам само тој што е отиден, или двата задни?
Провери ги и на друго место пред да купуваш нови.
Мене на живи, здрави, минимално подослабени амортизери, ме убедуваа дека задните ми се отидени тоталка, а предните ќе отидат кај и да е. Ова беше пред три години, а амортизерите сеуште не се сменети, бидејќи нема потреба - ден денешен одлично си ја вршат работата.
После таа бламажа, Авто-Мобил не ми се баш за верување.