Чинам дека оваа локација е поподобна, да го дополнам со информации стремежот за инсталација на Bilstein B16 Ridecontrol.
Имајќи предвид дека сите (во ред, најголемиот дел од нас) се соочуваат со потреба за компромис кога се работи за воспоставување на рамнотежа помеѓу она што го сакаме и она што ни треба, Octavia vRS во моментот на избор ги погоди најважните точки - (1) доволно пространа за семејно возило, (2) технолошки подобна за безбеден транспорт, и (3) доволно возбудлива за "boy racer" како мене. Бонус на сето ова е релативно достапната цена.
Секако, наведена предност во некои случаи води кон недостаток - потврдата суспензија потребна за безбедно возење при таа моторна моќ понекогаш предизвикува непријатност. Семејната шефица не е "girl racer" и не секогаш и е пријатно при редовен семеен транспорт. Другите возила од VAG групацијата кои се наведуваат како "спортски", а се во повисока ценовна категорија имаат OEM можност за регулирање на тврдината на суспензијата.
Тоа е она што би сакал да го имам како можност - контрола на тврдината на суспензијата. И затоа токму Bilstein B16 Ridecontrol, а не друг Bilstein модел или модел од друг производител. Спуштањето е бонус, но не е пресудно.
Да сакаше VAG да инсталира адаптивна суспензија во Octavia vRS, фино ќе си доплатев. Овака ќе бараме алтернативи...
...а во идеален свет, ќе можев да си дозволам две возила - Octavia/Superb L&K за семејството, Megane RS за ретките слободни викенди.
П.С. Bilsten е далеку од непроверена опција, да не зборувам за нивниот TUV сертификат или lifetime гаранција. Секако, тоа доаѓа со цена од речиси 2,000 ЕУР по сет, барем според нивниот македонски дистрибутер.