Не викам дека не е можно да се истрошени, или што ти ја знам. Ако им дошло време, им дошло, тоа е.
Мене ми е крајно нереална разликата во бројки. Преку 20% разлика има во мерењата во Аутомакедонија (новиот центар во К.Вода, кај што беше Рено) направени минатата сабота на регистрација, и вчерашните мерења во АвтоМобил. Лани пред да идам на одмор мерев во АвтоМобил во Бутел, предните беа преку 80%, задните помеѓу 70 и 80%. Не е можно (или барем стварно не гледам вистинска опиплива причина да) за една година толку да отидат јабана.
Мене во АвтоМобил ми рекоа дека се ОК (малце задните, ама прдените ти се добри дојди кога ќе се стопли), а јас осеќав дека едно предно тркало ми губи контакт со подологата многу лесно на нерамнини. Одма истиот ден оотидов во ПСС на целосен преглед на подвозје сосе амортизери. Таму ми дадоа принт од нивната машина. Ми рекоа предните скоро ништо не ти држат задните се 100%.
Сменив предни, и реално веќе заборавив колку непријатно беше да се бориш со подскокнувања и брзо активирање на ABS кога очекуваш дека не треба да се активира.
Е сега ако ги прашаш производителите на амортизери ќе ти кажат на секои 20000 км да ги провериш. Секако дека има улога условите во кои ја возиш колата но има и нешто во доменот на контрола на квалитет, а негоаш е само пуста несреќа.
Кај едниот колега со Меганот седнан јас гледав позади како тркалото му вибрира. Го пратив во сервис официјален и таму „со мајсторот возеле по кривини“ и мајсторот му рекол „немаш мака“.
После 4-5 месеци го гледма пак пред мене - тркалоно никао да се смири.
Го земав со мене до истиот сервис (пола ми се дургари веќе после две реноа почнуваш на детски родендни да ги викаш), идме кај шеф на сервис и му викам дај види на човеков не му ја бива работав со задните. Тој одма мене ми се пушти, „како можеш ти од око да видиш тоа така не се гледа, прво треба да се види дали има пуштено уље“. И ние рековме „ај видете дали има пуштено!“ И двата беа помочани.
За мојот Меган еднаш ми скокна цела задница на патот Скопје-Штип на една кривина. Не беше страшно но јасно дека нема таму ништо што држи. И тие беа истечени.
Така да мајсторските муабети кај нас се за „теткици“. Јас ако знам дека нешто не ми е доверливо на колата а е во клучен сегмент не ги чекам нивните локални совети. Во твојов случај ако сум јас тој што треба да реши ќе си почнам да барам асална замена за сите. А на пат ќе отидам вака нема да избрзувам со опциите. Ќе бидам повнимателен и ќе се помрам со последиците дур не се најде најдобрата замена.