Прееска бев до сервисот на АвтоМобил во Аеродром, да праам уште еден тест на амортизерите.
На мое големо негативно изненадување, таа машина измери уште послаби вредности од таа во АМ. Значи знам дека се подослабени амортизерите, ама според таа во АвтоМобил испадна дека предните се под 50%, а задните се едвај на 20%, што рака на срце, не ми се верува баш. Бев да тестирам малце на Водно, и да, има разлика, знае да забега задницата во случај на ригорозно возење, ама при нормална вожња, нема никаква разлика.
Во сабота ќе отидам на уште неколку места да ги тестирам, па да видам што понатаму, оти не ми е баш свеедно да идам на долг пат, ако не е се' у ред со колата.