Не. Обично прво задните откажуваат први.
Велештрумф, што значи „подослабени“? Кој метод за проверка го користеше? Препорака, оди во PSS на зајчев рид, нека ти ги измерат и отштампаат даташит со вредности.
Ако вредностите се приближно исти на левата и десната страна, и дампинг вредностите се високи - не се секирај. Многу е побитно по осовина да ти биде ист дампингот отколку да се рамномерно ослабени напред и назад. Ако се истрошени во таа мерка да бидат за промена само задните - само тие смени ги.
Технички преглед

Регистрирав колата во саботата во Аутомакедонија, па ми ги замолив да ми направат и технички, иако не требаше (имав лист од ПСС дека нареден технички е во 2015), ама сакав да ја проверат колата, оти пак не’ чека долг пат за некој месец. Методот, шо знам, оној со вибрирачки плочи, како што се тестираат амортизери

Предните се малтене исто „истрошени“, ама се во зелена зона (L: 66; R:65).
Задните имаат некоја (не многу голема) разлика меѓу нив, башка се послаби од предните и се во жолта зона (L:54; R:49).
Ми рекоа дека нема потреба сега да ги менувам, ама да ги имам на ум за наредната година.
Чудно обично предните први откажуваат
И така сте 2+1 така да нема да имаш многу секирации за позади. Избегавај да ја товариш премногу ако закаш да ги заштедиш. Ако сакаш распрашај се за тоа колку пари се во Авто Лидер и другиве за амортизери па види си. Ако се до 100 евра и монтажата не подразбира вадење се и сешто од позади тогаш земи си, ако не стави си го to-do листа.
И ја ќе речев дека за предните, поише е проблем тешкиот мотор

Проблем ќе биде избегавањето да се товари многу, оти ќе товариме многу, башка и куфер на кров
