Реално - само со промена на амортизери, без некои други механички зафати на управувачката летва, нема ниту еден круг на вртење да се намали. Подиректното управување е уствари подобар осет, зошто претходно биле премногу сјебани амортизерите. Само со промена на амортизери директноста останува иста, бидејќи не се менува ниту еден елемент кој би го променил тоа. Чуството на побрза реакција на шасијата спрема командите на воланот е нормално, изгледа претходните амортизери биле здувани бајаги 
Кругот на вртење се намалил во смисла дека патеката по која се движи возилото е многу по прецизна, не бега предницата на надвор, не пропаѓа во кривина, као картинг да возиш, кога ке свртиш свртено е, не знам дали добро се изразив. Исто се осеќа дека колата има подобар контакт со подлогата, залепена е за асфалт. Кога ми протекоа двата предни амортизери беше опасно да се вози колата, бегаше на надвор, како по лед да возиш.