Да бидам искрен не се посомневав во амортизерите воопшто. Нема нишање (лулање), не се укопува предницата кога нагло кочам и не тропа. Како што пишав погоре, единствено воланот вибрира на дупки при поголема брзина. Но откако проверивме дека нема никаква луфта во другите делови од предницата решив да ги проверам амортизерите.
@Simo - Carrier159 откако видов какви вредности покажа мерењето (се надевам дека е точно според машината во ПСС) ќе мора во најскоро време да ставам нови амортизери, па ќе пишам дали ми се променило возењето. Да бидам искрен на претходната кола сменив 2 задни амортизери откако едниот истече, но не сетив некоја осетна разлика. И претходно и сега добро се однесува по кривини, дупки и општо во возење. Можеби тој што истече немал некои претходни симптоми на замор па наеднаш истекол и ги сменив одма.
@zeroSignal верувам дека многу возат со дотраени амортизери. Некои не се замараат воопшто, некој не знае што да очекува од колата и како уствари треба да вози кога е исправна. Но најверојатно тука не се само амортизери, туку гуми, дискови, плочки, летви, стабилизатори и сл.
Парите наместо на спиралчиња, ќе одат на амортизери. Јбг, приоритети
