Препорака некој одличен сервис за монтажа на амортизери во Скопје?
Секој одличен сервис за твојот тип на возило.
Сакаш да кажеш дека кај било кој механичар може да ми ги смени амортизерите?
Таму каде што ја сервисирам колата нема мајсторот опрема за да ги контролира амортизерите, а и не сака да чепка суспензија.
Затоа и баш прашав каде има добар сервис што е професионализиран за оваа работа.
Читав на форумов некои од членовите ги спомнуваат ЗАЈО И АВТО МОБИЛ.
Па ме интересираше дали некој има искуства со нив и дали квалитетно работаат?
Бидејки прв пат менувам амортизери во животот немам искуство а и не сакам колата да ја носам кај некој приучени мајстори што работаат во гаража дома или во некоја штала!