1. Октавијата е фамилијарно ориентиран седан. За отприлика слична цена се добива комфорен семеен автомобил, со огромен гепек. Леонот од друга страна е повеќе ориентиран кон помлади купувачи. Самите кампањи, дизајн, подесеност на возилото како целина, од старт си ја ограничуваат целната група. Октавија се рекламира со семејство + куче на пикник или на скијање, Леон од друга страна ја рекламира Шакира и млади момци и девојки кои повторуваат „Кој кого поседува“. Мислам дека од како кризата удри по џебот на европејците, почнаа полека да гледаат што може да добијат највеќе за парите.
Од друга страна не би ги споредувал Октавија и Леон пошто се различни категории на возила.
Од трета страна, Сеат веќе 2 години најавува нов Леон кој никако да излезе. Леонот можеби изгледа сеуште свежо во однос на конкуренцијата и после 8 години, но сепак е веќе виден и изживеан модел. Па ако некој гледа некаков избор во Леон, можеби чека да види дали новиот ќе понуди нешто повеќе.
Да и Октавијата не е изменета, ама ќе повторам, тој што купува Октавија бира помеѓу Круз, Флуенс, Лансер... а нели Октавија е VW
2. Затоа што е покул. Затоа што изгледа малтене како купе со 2 врати, затоа што пак ќе кажам и после 8 години добар дел од конкуренцијата ја шие во однос на изглед (ОК разбирам дека е ствар на вкус, ама сепак со Октавија треба да го споредам).
3. Под позиционирање на пазарот мислев ценовно рангирање. Прашањето ми беше, како може, ај вулгарно да се изразам, втора лига Голф да биде две и пол иљади евра поскап од Меган. Зошто? Со кој памет. Нормално дека Меган продале колку Октавија и Леон заедно кога Меганот е во секој поглед подобар избор. Без разлика за кој модел од ценовникот се работи. Дури мислам дека и во топ опремата Меганот има некој ер-бег повеќе, ЕСП... итн. Некој на форумов велеше дека Голф бил прецент, но тоа е друга тема на дискусија. Ако е Голф преценет тогаш цениве на Октавија незнам како би ги нарекол.
4. Секој коментар е излишен, бројките сами говорат. Дастер накркан со опрема, башка и дизел, е многу повеќе од разумен компромис
кога се гледа вложено/добиено.
П.С. Имам чувство по поставениве точки, дека сум бил погрешно разбран кога ги поставив ценовниците. Апсолутно се согласувам дека брендот и тоа како игра улога, не во потсвеста туку во свеста на потрошувачите. Не е тоа само во авто-индустријата, секаде е така. Ете го на Спортекс примерот погоре. Лајно да земеш и да му залепиш етикета БМВ или Мерц, ќе се продаде пошто лајното е брендирано
Само незнам која е таа потсвест која ќе ме натера да фркнам 2500ЕУР повеќе за да земам „Втора лига VW“, наместо прва лига Рено