Во тотално погрешна насока го терате муабетот.
Поентата е следна - пред влезот на VW во Skoda, Skoda беше гледана како типично источноевропско возило - неквалитетно, грубо и застарено уште пред да се појави на пазарот. Влезот на VW во Skoda целосно ја ревитализираше - и како бренд, и како продукт. Беше потребно стварно многу време (еве, скоро 20 години), но перцепцијата за Шкода целосно се промени.
Едно време, луѓето ја гледаа Шкода како Шкода. Чуден бренд од земја чие име не можеа да го изговорат и бренд кој што никогаш не би го купиле. Потоа Шкода прерасна во „Фолксваген за помалку пари од Фолксваген“ за сега да прерасне во бренд кој е на исто ниво со „родителскиот“ - барем за оние кои навистина се разбираат.
Е сега, мислам дека прашањето кое се обиде zippo да го постави е - што би се случило со Шкода ако Фау-Ве ја напушти? Дали луѓето ќе продолжат да ја имаат позитивната перцепција за брендот, или ако VW си отиде ќе си отиде и репутацијата?
Иако мислам дека VW никогаш нема да ја остави Шкода (пре мислам дека би го затворил SEAT како бренд, пошто веќе долги години работи со загуби), ако тоа се случи, мислам дека Шкода ќе продолжи да си тера и понатаму. Имаат многу купувачи, повеќето од нив лојални заради квалитетот што го добиле. Реалноста е дека Шкода е за луѓе што знаат да погледаат малку подалеку од брендот, и да видат дека добиваат навистина квалитетен автомобил. Има модели што се промашени (рецимо, Октавија после фејслифтот, Румстер) и модели што не се доволно ценети од широките маси (Фабија), али има и модели што се покажале како полн погодок (Јети, Суперб) и што само го потврдуваат фактот дека Шкода е логичен, паметен и правилен избор во некои одредени класи.