@Бугар
Си зинапишал многу дезинформации во еден пост, верувам дека се дел од незнаење, но добар дел се неуспешен обид да го одбраниш претходно кажаното, за кое како што си е редот не си информиран и зборуваш на памет. Ќе почнам со цитати дел по дел.
1.) Znaci konstruktivno tehnicki toj motor e odlicen no e proektiran za koristenje na goriva koi se pravat pored EURO propisi neli. Kaj nas seuste ne sme stignale do toa nivo so gorivata. Barem takov vpecatok dobiv posle dosta patuvanje MK - GR, duri i razlika MK-BG gorivo od OMV.
Јас не знам некој да се пожалил од дизел горивото на Лукоил, но напротив сум слушал многу пофални зборови. Штета што на работа точиме во Макептрол, но и таму немаме проблем со Добловците, Половците и Фабиите.
Sekoja cest na dobrite majstori no za takvi motori treba da se poseduva i specijalen stend za dijagnostika na sistemot za vbrizguvanje, dizni itn.., sto kaj nas ne se naogja cesto i ne e eftin.
Убаво што си донесуваш заклучоци, но дали си проверил со каква опрема за дијагностика и програмирање располага Маршер?
Ovlasten servis e skapa opcija.
Си проверил ли какви се цените во Аутопрестиж, сервисот на Маршер?
A i ne veruvam deka garancijata pokriva defekti na dizni vo celost. Treba dobro da se prouci. Znaat oni kako da igraat.
Те молам посочи примери каде во гарантен рок дизните на моторите Мутли Џет на Фиат и Сиркл Л на Исузу мотори настрадале од нафата точена во Лукоил или пак Макпетрол. После тоа можеме да зборуваме за дефект на дизни и слично.
2. Za delovite za toj motor ne se eftini prasaj kolku cini edna commom rail dizna i pisi na forumov (zboram nova). Pa posle kazuvaj deka e najeftin.
Претходно побарав да посочиш примери на рикнати дизни за да може да збориме за таа нереализирана претпоставка. Што се однесува до дизните, никогаш не се менува една дизна туку се менуваат сите 4. Затоа е нелогично твоето барање да прашам колу чини една дизна. Без да прашувам, прогуглав и си најдов на ибеј 4, нови, оригинални дизни за 1.7CDTI BOSCH P/N: 0445110118 чинат 160 фунти + 20 фунти поштарина:
http://www.ebay.co.uk/itm/VAUXHALL-ASTRA-CORSA-COMBO-MERIVA-1-7-CDTI-Diesel-Injector-0445110118-/280817980954?pt=UK_CarsParts_Vehicles_CarParts_SM&hash=item41620e561aПа ако поделиш со 4 ќе добиеш дека една дизна чини 45 фунти или околу 3300 денари. Тоа за тебе е висока цена за дизна?
Za ostanatite delovi Opel se slagam deka e edno od najeftinite vozila.
Значи ако цената на дизните е багателна, како што може да заклучи секој кој се разбира малку од автомобили, и ако другите делови за тој автомобил/мотор се ефитни дали можеш да се согласиш дека тој мотор е ефтин за одржување?
1.7 CDTI e nov motor
Добар си, Circle L е нов мотор излезен пред четврт век во 1988.
i licno kolku sto znam CDTI motorite se super, no osetlivi na losa nafta.
Уште си подобар. Јас колку што знам тој мотор е многу издржлив, но за да не зборам на памет пробав да најдам на гугл проблеми на тој мотор со гориво и не успеав ништо да најдам. Дај еве посочи некој пример на интернет каде тој мотор очито страдал од лошо гориво.
1.7D/TD Isuzu, nema problemi toa e motorot (ama ne se prodava vekje)
Тоа е истиот мотор кој се користи во Astra H, само е comon rail. GM си го откупи од Isuzu и го вградува во CR варијанта.
1.9 CDTI - si ima problemi so DMF i osetliv e na loso gorivo.
Само мал дел од Astra H која има автоматски менувач имаат DPF филтер. Оние со мануелен менувач немаат DPF филтер. Но би сакал да чујам за тие проблеми со DPF филтерот. Јас колку што знам 1.9JTD е еден до најиздржливите CR дизел мотори и напротив не е осетлив на лошо гориво. Доволно е само да се свртиш наоколу и да видиш какви се не кршови од Алфа се возат со тој мотор, имаат проблем со се но не и со тој мотор.
1.3 CDTI - nema problemi toa e top motor, no osetliv e na loso gorivo.
Повторно, дај дефинирај што значи осетлив, и што е лошо гориво. На работа секакви говеда ги утепаа од возење Добловците и не сум чул некое од нив да има проблем со мотор.
Ako imas dobro gorivo togas site se ok. Da za Lukoil no dali si siguren deka nivnoto gorivo odgovara za Common rail motorite ? Jas se somnevam vo kvalitetot na gorivata.
Не ми е јасно на кое сознание, факт или аргумент ти се темелат твоите длабоки сомнежи? Јас познавам толку многу задоволни корисници на Лукоил и ниту еден кој се пожалил на лошо гориво или на проблем настанат како резултат на лошто гориво. Напротив сум слушал само пофални зборови за дизелот во Лукоил спореден со оној од Макептрол. А не сум чул ни некој да имал проблем со гориво од Макпетрол.
Ќе може ли да посочиш примери, без сомничави рекла казала муабети?
Licno lani sum staval nafta vo Grcija a pred toa vo Luk Oil. Razlika vo odenjeto bese primetliva kolata rabotese pomirno vo ler i primase podobro. A potrosnjata so grckata nafta bese za 0.5 l/100Km pomala nego li so onaa od Luk Oil. Ova mislam kazuva nesto.
Не би можел да негирам или да потврдам бидејќи не возам дизел. За бензинот и јас сум осетил разлика од грчкиот 100-ка во однос на 98-цата од Макпетрол, ама тој случај нема врска со дизелот. Нејсе, дури и да било како што велиш помалата калорична вредност не значи дека горивото нечини и ќе го оштети моторот.
Tocno e deka ima mnogu astri i corsi dizel no cisto vidi koi motori najmnogu pominuvaat bez problemi i intervencii toa se Isuzu ama tie gi nema odamna vo ponuda.
Моторт 1.7CDTI e Isuzu. Не е точно дека го нема во понуда, напротив не само што го има во старите модели туку го има и во најновата Astra I/J. Повеќе информации за тој мотор можеш, секако, да си најдеш на
гугл.
E i zaboraviv kaj se moznite problemi so DPF koi gi ima na site ponovi dizel vozila zaradi EURO 4-5 normite ? Toj se izolira no za toa treba da se plati neli ?
Заборави само да кажеш кои се тие можните проблеми. Цело време во текстот звучиш како расипана грамофонска плоча: прболеми, проблеми, проблеми. А не ни елаборира ниту еден проблем...
И патем, 1.7CDTI задоволува EURO 5 норми и без DPF филтер и тоа во варијантата од 125КС на Astra J.
Problemi so DPF ima i vo Evropskite drzavi kade naftata e so kvalitet koj e nesporedliv so nasiot.
проблеми, проблеми, проблеми. Кои се тие проблеми? Опиши ги!
A prasaj cisto kolku cini eden DPF (se vodi za potrosen materijal) i pisi cena de da znaeme sto bi ne cekalo ako kupime takva kola.
1) Прашај колку Astri 1.7CDTI со DPF филтер се купени во Македонија.
2) Дискусијата која се водеше се однесуваше на 1.7CDTI
без DPF филтер3) Зошто би купил дизел со DPF филтер и кој ни рече дека таква треба да купиме?
Kola sepak treba da se odrzuva ako se vozi. A tolku skapa kola ne se zema za da pomine 20000-30000Km i da se prodade.
А од каде ти падна на памет глупата идеја да се купи кола за да се поминат по 20-30000km и да се продаде? Во Македонија се донесоа едно чудо кршеви со стотици иљади поминати и вратени километражите на по 200000, од кои најмногу Астри, а од кои најмногу дизел варијатни има токму со 1.7DT/DTI/CDTI моторот. Објасни ми како тие луѓе ги возат колите со поминати стотоци иљади километри, да не кажам милион и стотици иљади?
Патем, провери во што се останато се наоѓа тој мотор и по колку стотки ги врти без проблем.