@Bugar, се сложувам за тие коли! Секако не за толку стари возила, ама концептот е тој. Затоа како ИДЕЈА ги почитувам Астра Класик и Пежо 206. Ама и тие возила се доста скапи, на прв поглед. Наместо да се испука некој микро дизелаш они ставаат бензинци со 10 литра потрошња во 206ката (има другарка), и продаваат по 11.000 евра. Мислам каде со тој памет?
Понатаму Астрата класик во моментов ја зборам цело време зошто е доста фина со 1.6 мотор и се зема за добри пари. Уште да беше ГТЦ со 3 врати, а не со 5 ќе беше совршена кола!!!
Ама не сакаат ни на старите возила да спуштат цени, како што треба. Не велам дека е до нив, нашиве во одредени случаи спуштаат до 300-500 евра маржа. Самата кола е скапа. Конкретно Астрата, толку е. Неможе да е помалце. А нова кола.
За 5000 евра колата ќе биде катастрофа, како матиз и тико што ги спомена. Ама има народ што несака такво да вози (А ПРОБАЛ). Еве на пример јас, возам матиз неколку пати во месецот и се би дал за да возам некоја Астра класик макар и од претходните, или некој Меган пресечен. Тоа е, јбг.
Добра кола кошта за да се направи. Едино може компанијата да направи системи за намалување на цената на самото возило БЕЗ ДА СЕ НАРУШИ ЧУВСТВОТО ВНАТРЕ, па да правиме муабет за кола поефтина.
Како и да е од овие коли UP е најстегнато возилце, и со цената по која ќе оди е одличен избор. 8500 евра, за ново градско возило.
Јас веднаш велам дека би сакал Астра класик 1.7 ЦДТи, ама тоа е 12-13к, а тоа е далеку од овие возила.
П.С. Оччигледно немаш претстава за инфлацијата во светов. Со 5000 евра нова кола нема. И да има ќе е кршотија некоја одвратна и гнасна. 5000 евра сега не се исто што и 5000 евра пред 15 години. Не си праи бајрам.