Уште некој месец правам 8 години на форумов. Сум го гледал овој форум и овој колектив како поминува низ сито, решето, добрина, убавини, помош, тролање, дупешки, буквално низ се. Сум запознал луѓе што комплетно се поклопувале со моето мислење, сум запознал луѓе што воопшто не размислувале исто.
И од едните и од другите и ден денес имам пријатели, другари, познаници и луѓе на кои можам да се потпрам, и да се потпрат на мене и во добро и во лошо.
Заедничката точка на сите тие луѓе? Отворен ум да сослушаат и прифатат дека соговорникот има различен начин на размислување. Такви луѓе се секојдневно добродојдени на овој форум (од моја страна).
Ја не сум никој и ништо овде, ама сум доволно долго присутен да знам какви луѓе се прифатени од сите. Тие што тврдоглаво го бранат својот став до степен да се извреѓаат со некого? Такви не памтам да биле прифатени.