Па, како да ти кажам. Имаш проблем со прифаќање различни мислења. Па кога некој си дискутира на негов начин, му изиграваш попаметен. Некој си има негов став, па му јадеш трици за ставот. Некој си ги оправдува неговите размислувања и погледни на негов сопствен начин, па му кажуваш дека не разбира, дека е слеп, дека е глуп, дека е дел од масата, дека е непросветлен.
Самопрогласеноста за морално и интелектуално праведен сезнајко на многу луѓе им оди на нерви, затоа што ги обезвреднуваш само затоа што имаат различно мислење/став од тебе. А тоа генерално е многу неубава работа.