интересно е што повеќе пати посочената “елита“ на форумов, постојано мора да има некој што ќе биде ОМРАЗЕНА ЛИЧНОСТ, личност која според нив се движи на тенка линија меѓу бан и член... едно време бев јас тоа, после беше бугар, па дихтот, па мацко, па измеѓу (околу 2 години не баш голема моја активност на форумов) незнам кој бил, ама сега е ВАН... ако убаво се сеќавам, пред 2-3 години ван беше во таа елита каде што секој збор му се почитуваше, а сега се пљука по него...ок, никој не е цвеќе за мирисање, никој не е перфектен, но некој има моќ да заврти против една личност сите копја да бидат фрлени...
Од друга страна, повеќе пати пишав дека форумов е приватна сопственост, и на него важат правилата кои што сопственикот со администрацијата ги наметнува, или биди член или одчлени се. тоа му доаѓа како на свадба кога си, музиката свири со свој репертоар, тебе ако ти паше играј оро, ако не тргни се на страна и не сметај на другите што се забавуваат... на форумов сум член скоро од самиот почеток, а тоа се скоро 9 години, и јас видов многу промени, различни аршини на мерење за секој посебно, различни казни за иста грешка од различни луѓе, но еј, тоа е во приватниот сектор, ако ми се свиѓаш ќе те дружам ако не, кој те тркала, среќен ти пат на друга локација (форум)... за овој мој поминат период тука, запознав стотина нови луѓе, повеќето ок, но еден помал дел се поприлично дволични, а администрација не ги препознава. кога дојде кулуминацијата за непочитување према мене, се повлеков, како што се повлекоа и еден куп други “саглам“ луѓе, бидејки, како што и реков, не им се играше оро на таа музика...
Како заклучок ке кажам дека всушност, типично балканска работа е НЕКОЈ постојано да биде црна овца, постојано да биде крив и секогаш кога ке напише било што, да биде пљукан, напишаното да биде обезвреднето, само затоа што е од него напишано, па макар тоа била нај црната или нај белата вистина, ама во тој момент е лага и глупост, бидејки нели, црната овца го напишала... Сопственикот на форумов
@zeroSignal во еден погоден момент (кога јас бев баниран за иста глупост и навреда која јас ја добив, а членот не беше ни јавно опоменат иако го пријавив) ми ја објасни скалата на која се мери дали некој ќе биде казнет или не, односно чекорите до кои секој член ке стигне до бан, и ок, ја прифаќам таа скала, бидејки е НЕГОВА СКАЛА, НЕГОВО БОДУВАЊЕ НА НЕГОВ ФОРУМ,кој што он го плаќа, он го одржава, он се замара со него... НАЈ ИСКРЕНО, скалата негова е долга... процесот до банирање е доста оддолжен... зеро и администрација се доста по меки од мене... јас ако се прашував, ке кинев многу порано и побрзо, ама еј, реков више, он е газда он си знае...
тука не важат ОПШТИ ПРАВИЛА, туку важат правилата на форумот кои се само и само за овој форум, и се дозволува премногу... или играј оро, или тргни се и не сметај...
и јас точно тоа и го направив, се тргнав, за да не сметам никому... е вака, одвреме навреме ќе читнам нешто, и уште поретко ке напишам нешто, бидејки и за тоа бев критикуван, дека ПРЕМНОГУ ДОЛГИ ПОСТОВИ сум пишувал... ок, тоа сум јас, така се изјаснувам, детално, прецизно и обемно, за да нема грешно разбрани текстови и реченици, а тоа сметало на некои членови, кои искрено, не ни знам дали се сеуште тука активни и присутни...
позз срцки, сите ве сакам...