Автор Тема: Основна форумска култура.  (Прочитано 50671 пати)

Отсутен tjolie

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1270
Одг: Основна форумска култура.
« Одговори #45 на: 18 Октомври 2016, 14:47:32 pm »
Филип go ho e, you are drunk, реплицираш на пост стар више од 3 години и ваква опција не постои долго време(не знам дали постоела воопшто), ни па треба да постои. И вака има к*рајбери, така уште повеќе ке и се дигне

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54983
  • Махер
Одг: Основна форумска култура.
« Одговори #46 на: 18 Октомври 2016, 14:49:27 pm »
Проблемот кај поставување лајк момент на постови е што се форсира пишување на општо прифатени мислења, со цел ловење повеќе лајкови, наместо развивање на дискусија која има контроверзни мислења.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Основна форумска култура.
« Одговори #47 на: 19 Октомври 2016, 01:39:42 am »
контроверзноста, баш и не е практична работа на форум... брзо после тоа преоѓа во инатење, каде нема доволно факти ни за едната ни за другата страна... ;)
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5290
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Основна форумска култура.
« Одговори #48 на: 30 Декември 2016, 14:58:37 pm »
Каде има проблем во контроверзност, ако се задржат поставените правила на однесување?
Досадно ќе биде ако не постојат разлики... :)

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20663
Одг: Основна форумска култура.
« Одговори #49 на: 19 Февруари 2018, 08:31:44 am »
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6737
  • Бенве сие бенве
Основна форумска култура.
« Одговори #50 на: 19 Февруари 2018, 08:40:28 am »
Многу на политика е прилогот, ама сепак заклучивме дека стратро и миле се тролови


Испратено од мојот прекрасен мобилен користејќи Тапаток

Отсутен Ѓорѓи

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1353
Одг: Основна форумска култура.
« Одговори #51 на: 19 Февруари 2018, 16:20:05 pm »
Тоа во видеото не се баш тролови, тоа се луѓе од штаб на едната или другата партија кои мора да ги оправдуваат постапките на нивните надредени. Тролање е кога ќе ти се закачи некој таков кога мисли дека си сериозен дека го хејташ и подржуваш, а ти уствари се заебаваш па го возиш поштено до крај и си фаќаш сеир. Омилени тролови овде ми се Миле, Марјан и ЗлаткоА и Симо понекогаш ;D

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43703
  • Il Moderatore
Одг: Основна форумска култура.
« Одговори #52 на: 19 Февруари 2018, 16:39:24 pm »
Ја никад не тролам!


Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5290
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Основна форумска култура.
« Одговори #53 на: 11 Февруари 2019, 16:31:51 pm »
Одамна ти ги прескокнувам постовите, и одбивам да ти одговорам на било што.

Само ова. Скурчено ми е. Продолжи да ме нервираш и ќе те банирам. Оди на друг форум замарај.

Jaс немам намера никого да нервирам. Тоа што некој го нервира тоа што јас го кажувам, сигурно не е заради навредување или некултура. Секогаш се обидувам културно да се однесувам и културно да комуницирам како што доликува на еден јавен форум. Не дека сум безгрешен ама срамота е мене да ме обвинуваш за несоодветно однесување. Затоа што ако има навредување во муабетите кои ме инволвираат мене тогаш барем 9 од 10 се навреди кои се упатени кон мене. На исто ниво одговарам само во ретки случаи кога повеќекратно и директно сум навредуван, а модераторите не реагират... Затоа Зеро, кога кажуваш дека те нервирам, прашај се дали те нервира моето однесување или те нервираат работите кои ги дискутирам. 

Очигледно не ти се допаѓа како размислувам. Но дали е тоа „прекршок“ или причина за банирање?
Ќе бидеш љубезен да ми укажеш на тоа кои форумски правила ги прекришив?

Впрочем воопшто не мора да ме банираш. Можам јас и самиот да си заминам, најпосле форумов не е ни прво ни последно место за комуницирање на нетов. Само прво прашај се прво каков претседан правиш со бркање на некој кој не ги крши правилата, и дали сакаш форум на кој сите исто размислуваат, место каде не треба да доаѓаат луѓе кои културно сакаат да искажат сопствени мислења и ставови. Јас барем самиот видов неколкумина добри момци кои заради вакви работи престанаа да го посетуваат форумов и тоа сами без никакво банирање, но впрочем вие тоа го знаете и подобро од мене.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17502
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Основна форумска култура.
« Одговори #54 на: 11 Февруари 2019, 20:32:38 pm »
Уште некој месец правам 8 години на форумов. Сум го гледал овој форум и овој колектив како поминува низ сито, решето, добрина, убавини, помош, тролање, дупешки, буквално низ се. Сум запознал луѓе што комплетно се поклопувале со моето мислење, сум запознал луѓе што воопшто не размислувале исто.

И од едните и од другите и ден денес имам пријатели, другари, познаници и луѓе на кои можам да се потпрам, и да се потпрат на мене и во добро и во лошо.

Заедничката точка на сите тие луѓе? Отворен ум да сослушаат и прифатат дека соговорникот има различен начин на размислување. Такви луѓе се секојдневно добродојдени на овој форум (од моја страна).

Ја не сум никој и ништо овде, ама сум доволно долго присутен да знам какви луѓе се прифатени од сите. Тие што тврдоглаво го бранат својот став до степен да се извреѓаат со некого? Такви не памтам да биле прифатени.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5290
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Основна форумска култура.
« Одговори #55 на: 11 Февруари 2019, 20:50:54 pm »
Зошто да не го браниш својот став ако си во право, не затоа што мислиш дека си во право туку и затоа што соговрникот не понудил ништо што ја побива твојата теза? Зарем Мартин, не е нечесно спрема самиот себе и пред сите други, да се повлечеш кога си во право?

Инаку за вреѓањето, ако најдеш момент каде јас прв и непредизвикано (и без коректна пауза за интервенција од модератор) сум навредил некого - те молам да ме цитираш. Пред сите ќе ти се извинам, и ќе кажам дека си во право. Но вака само ќе ти кажам дека вреѓањето го почнува некој, го толерира друг, а јас не сум ни првиот ни вториот.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6477
Одг: Основна форумска култура.
« Одговори #56 на: 11 Февруари 2019, 21:05:39 pm »
Во право.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17502
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Основна форумска култура.
« Одговори #57 на: 11 Февруари 2019, 22:06:51 pm »
Зошто да не го браниш својот став ако си во право, не затоа што мислиш дека си во право туку и затоа што соговрникот не понудил ништо што ја побива твојата теза? Зарем Мартин, не е нечесно спрема самиот себе и пред сите други, да се повлечеш кога си во право?

Ако соговорникот не понуди ништо за да те побие, ти пак не си 100% во право. Ако ја ти речам Зеро е педер и ти немаш начин да ми докажеш дека сака жени, дали Зеро е стварно педер?

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5290
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Основна форумска култура.
« Одговори #58 на: 11 Февруари 2019, 22:20:04 pm »
Погрешен пример (паралела). А ако баш мора да одиме со таа паралела, тогаш во случајов некој друг ми вика дека јас сум педер а ти сметаш дека треба во духот на „пријателството“ да се согласам со тоа, или барем да премолчам. Дупло е погрешно, пошто и во двата случаи не кршам никакви форумски правила.

Се разбира можно е да грешам, во кој случај би те замолил и тебе и било кој друг, да ми ги цитира форумските правила кои ги прекршувам.

Присутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5039
  • The Spartan General
Одг: Основна форумска култура.
« Одговори #59 на: 11 Февруари 2019, 22:21:25 pm »
...

Абре престани да дигаш џева. Јас те бранам, ти се инаетиш како магаре пред дрвен мост.   ;D ;D
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.