Автор Тема: Најнесериозен и најш*пак дилер на автомобили и сервис во Македонија и пошироко?  (Прочитано 127843 пати)

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10963
  • 430i
Работната рака во овластен сервис се наплаќа по работен час и ја пропишува производителот. Секаков сервис подлежи на гаранција и увозникот одговара ако нешто недај боже се случи. 1000ден. е скапо во споредба со маалски мајстор, точно, ама во градба од 3-4 миљони евра, каде што презентираш бренд, и каде сервисерот не смее ни да седне во кола без да стави навлаки на седиштата и не смее да помисли да прави нешто пред да направи комјутерска дијагностика, неможе да кажете дека е скапо. На крајот на краиштата не е работната рака таа која ја прави цената на сервисот, удираат огромна маржа на резервни делови. Ама македонче ќе фрсне 15-16-20 и повеќе иљади евра за нова кола и после скап е сервисот...

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
A бе цената на колата нема врска со цената на работен час. Јас сум сервисер и работам во овластен со инструменти и од преку 100000 евра, аналогно цената за раб.час би требало да ми биде ххххх денари :) А кој ќе ја плати твојата нестручност? Ти седи колата колата цел ден у сервис или два... Мислиш дека часот им е реален изразен во минути? :D Тоа им е претходно утврдена тарифа за одредена работа, како и да е, во гарантен рок не би смеело да се наплатува !!!

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10963
  • 430i
Без разлика на цената на автомобилот, работен час е пропишан од произвидител. Значи за менување масло производителот пропишува дека се потребни 30 минути, промена филтер за воздух 10 минути итн. итн. и тоа чини Х денари, значи 40мин. работна рака. Ако на сервисерот му требаат 3 саати за истата процедура, несмее да ти наплати 3 работни саати, т.е. се’ што е надвор од пропишаното, несмее да ти наплати, тоа е негова нестручност и за тоа треба да го „јаде“. Затоа се праќаат на обуки на семинари за било каде да добиеш ист тетман во исто време траење.

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Супер би било да е така, ама за жал у реалноста и не е. Не сите производители ти го утврдуваат работниот час, туку го оставаат на одлучување на дилерот према (не)приликите во земјата, стандардот ... Државните институции тоа го решија со закон кој гласи дека цената на еден работен час изнесува 10% од просечната плата на РМ која, знаеш дека варира... Ти кажувам од искуство значи, тоа ми е работа, а не претпоставувам :)

Отсутен RikiRulz

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10639
  • *** UNDERCOVER ***
30 мин уље, а пази го вадат со алуминумско цевче и со пумпа го вади уљето, за 5 мин и за 5 мин става ново, а филтер за воздух се кладам дека не му треба повеке од 3 мин :):)

Али сервис, овластен и удри по народот :)

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10963
  • 430i
Супер би било да е така, ама за жал у реалноста и не е. Не сите производители ти го утврдуваат работниот час, туку го оставаат на одлучување на дилерот према (не)приликите во земјата, стандардот ... Државните институции тоа го решија со закон кој гласи дека цената на еден работен час изнесува 10% од просечната плата на РМ која, знаеш дека варира... Ти кажувам од искуство значи, тоа ми е работа, а не претпоставувам :)

Токму така, ама затоа е дефиниран работниот час. Не верувам дека некој очекува дека ќе влезе во овластен сервис кога му одговара да закаже, ќе му превземат возилото, ќе го почастат кафе, ќе ја средат колата и да плати 200-500 денари. Ставете се на нивна страна, салони од иљади квадрати, персонал, реклама, договори... не е гаража кај Гиго у шупа. На крај краева никој не става нож под грло да се иде во овлаастен сервис, си плаќаш колата и и’ тераш гајлето (нормално ако не е на лизинг).

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
У право си, ама гледаш гаранции и до 5, па и 7 год. на коли, што укажува на фактот дека си приморан да одиш кај нив заради гаранцијата, а при тоа ти се наплатува и работната рака, башка маржа на потрошните материјали  и тн. (у принцип ниедна кола не би требало да има посериозен проблем првите 5 год.) значи станува збор за чиста калкулација на сервисот т.е. унапред познати муштерии :) Поентата е што сервисот треба да е логистика на продажбата, а не да заработува самостојно-парите за одржување на возилото во гарантен рок (мислам на услугата) (треба) да се во маржата при продажба на истото. Никој не би купил возило, ако за него нема обезбеден сервис и резервни делови. Првите возила кои ги добиваат се т.н. ДЕМО возила и тие се упола цена од регуларните набавни цени, возилата за репрезентација (кои се возат со регистрација) им се нудат поефтини за 40%, за секое продадено 10-то возило имаат гратис делови во износ на истото и т.н. Првиот сервис секогаш е платен од страна на производителот, а кај нас не е така, иако станува збор само за уље, филтер и сл. Значи проблемот е тука кај нашите! Провизиите им се енормно високи, ама како што велиш ти имаат и многу расходи, се слагам, но и желбата за богатење преку ноќ е огромна. Имаше на почетокот и некои „диви“ дилери кои ги продаваа возилата и до 40% поефтино (Во с. Желино на пример и тн). ОК, искрено ме мрзи да пишувам, цел живот работам у сервис и познати ми се многу работи, како и да е - се е до политиката на работење на фирмата и договорите кои дилерите меѓусебно ги склапаат во нивната асоцијација за настапување на пазаров, за што има и многу неусогласици, па и физички пресметки (ако памтите), бојкотирање на саемите и тн и тн и тн ;)    
« Последно менување: 15 Мај 2011, 20:44:32 pm djidji »

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Док је оваца..

Дека претеруваат со цени, претеруваат, ама реалноста е дека така е секаде. Ако кај нас кај импортер во официјален сервис наплаќаат 10-12 еура еден саат работна рака, во Словенија е 100-150. Тука праам муабет за VW/Audi сервис, што не мора да значи дека е така кај сите други.

Моето искуство со официјални сервиси е различно - конкретно, сервисот во Porsche Скопје во последниве 2-3 месеца ме има многу разочарано. Не правам муабет за услуга или нешто такво - за тоа секогаш биле одлични - туку за поставување дијагноза. Од друга страна, Ка-Дис е прескап (дури поскап од Порше?!)..

Е сега.. Кога ја возеше стариот Королата пред неколку години, на уште непоминати 5000 км, турбината (1.4 D4-D мотор) пушти уље, и ја сменија во гаранција без проблем. После тоа колата немаше никаков проблем, а во сервисот секогаш беа коректни, културни, брзи и прецизни. Позитивен впечаток од почеток до крај.

Од друга страна, знам за хорор приказни од сервисите на Мазда и Форд. Сме ги терале муабетиве, и сите ги знаеме веќе.. Али дека сите имаат набиени цени, имаат. Затоа човек треба да отвара очи, и да си ги види опциите за резервни делови, потрошни материјали, итн..

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10963
  • 430i
Апсолутно, така е. Мора да наплатат во сервис и она што го кратат при продажба на возило. Да не се лажеме, кај нас возилата се продаваат далеку поефтино од регионот.
Незнам како е надвор со гратис сервиси во гарантен рок и колку чинат, треба да се про’рчка и ќе се најде. Но и да е така, ние сме премал пазар за да си дозволат такви екскурзии импортерите. Ете се движи полека работата, почнаа гратис регистрација, каско, гуми итн. итн.
Да не бидам погрешно сфатен, и мене кога ќе ми заврши гарантниот рок, ќе си го барам чарето, поефтино ми е, ама не можам да се жалам што во сервис ми наплатиле 940ден. за работна рака, премногу работи се вкалкулирани во таа цена, ги разбирам.

Зеро, ако не се лажам во Порше прв сервис околу 8000 беше, во Кадис е 5500, можеби грешам.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Зависи од кола до кола, и од сервис до сервис.. Скоро редовно, за све што сум прашувал, сум добил пониска цена во Порше него во Кадис. За пар предни брисачи (и тоа извадени од кутија, и се шуткале таму низ складот за делови) ми бараа 2800 денари, а во Порше оргинал Bosch брисачи, спакувани во кутија, дрн-дрн ги добив за 1500 денари (тоа што брисачите беа срање, и отидоа после 3 месеца е надвор од муабетот).

Кога го праев на 65-70.000 големиот сервис на Леонот, со каиши, затегачи, ролери, водна пумпа, и сите пропратни ситници, во Ка-Дис добив цена од некои си 40-42.000, а во Порше 30-32.000, не памтам точно колку искочи. Да не праам муабет дека во Порше секогаш биле многу покултурни, поуслужни и поспремни, и со делови, и со време, и со апансас улетување кога е нешто хитно да се заврши работа. Кога во Ка-Дис еднаш влегов да ми сменат некоја ситница, не знам што беше, ми рекоа „Дечки, затвараме за 15 минути, дојди утре.“ - за истата работа продолжив во Порше, и иако веќе беше затворен сервисот, пред сервис еден од сервисерите ми заврши работа.

Конкретно за Голф 1.4 ТСИ 122 можам брат ми да го прашам колку кошта прв сервис.. Не би ме чудело да е поскап во Порше. Ја зборам за моето искуство, со мојон клокотарец.

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10963
  • 430i
Сосема возможно и не би ме чудело. Со задниов Леон не сум имал можност да им го видам односот, еден сервис, влези излези, ама претходните 2 искуства...
Ај за сензорот за проток на воздух на Леон 1.9ТДИ не  до толку, ама со Ибицата и проблемот со палењето богами Вардар не ги пере. Триста испитувања, мерење компресија, дрн дрн и на крај да кажат не знаеме што е, се е во ред. 500 метри подоле, мислам Игор дека се вика авто електричарот, само ме праш колку имам поминато, што мотор е и ај паркирај. Ја среди без да трепне. Ете и тука еден плус за мајсторите, во однос на овјастените сервисери :)

Отсутен Dean

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1340
јас кај што менувам масло ако го купам маслото и филтерот од таму замената ми е гратис, а цената на маслото е иста како секаде, се задоволуваат луѓето само со маржата што ја имаат на маслото, ама пак затоа секогаш ја одржувам колата таму за се што треба. Значи ме добиле како клиент

Отсутен Jove

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3129
Деан да менуваат ,но заработуваат и на прегореното масло што го вадат од твојата кола!
И да ако стварно е 30 минути пропишано менување уље тоа е жива катастрофа
Тоа е 5 мин работа со машината
Losers always whine about their best, winners go home and fuck the prom queen :)

Отсутен Dean

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1340
знам дека заработуваат на прегореното масло, ама подобро од него да прават биодизел отколку да завршит во езеро, да сме малку еколошки свесни :). инаку досега не сум сретнал мајстор што промена на масло му одзела 30 мин, додека испушам една цигара ми завршиле работа.

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4997
Ме интересира тоа со всмукувањето на старото масло без испуштање. Имам некој впечаток дека така не искача баш се од внатре, или се лажам?