Еден краток ривју на салоните во кој сум бил сега, последниов месец:
- Тојота 9/10= Супер фино ме примија, одма муабет се што треба. Заинтересиран за тоа и тоа, одма да го повозиме. Одлично искуство. Би купил тојота.
- BMW 9/10= Фантастично ме примија, сите чешити, да се повозиме, па муабети, ценовници - на телефон ти ѕвонат. Браво. Би купил BMW, ама не се покажаа колите во моите очи.
- Мини 9/10= Фантастично - што како, зошто, муабет, возење, па ќе направиме ова - зимааат луѓе она. Почекај ќе има тоа. Бравос. Би купил Мини, ама не ми се допаѓа концептот на колата.
- Мида 9/10= Фантастично - сите чешити, возење, кафе - муабети, попуст, браво, ми ја измија мојата. За мерак. Би купил Форд.
- VW 8/10= Солидно, се во ред искреност, муабети... Да повозиме? Аааа треба да се закаже, дрн дрн. Имате кола слободна? Да ама треба да се закаже. Бркај работа. Би купил VW.
- Honda 6/10= CRZ е 26.000 евра, нозе ми се пресекоа од цената. Ама ТајпР е 21.000 па некако се опоравив. Ни муабет, ни ништо, ама ми дадоа проспектче, ова она. Со тешко срце би купил Хонда.
- Фиат 4/10= Ми дадоа проспект и ме испратија... А баш ми се свиѓаше 500тката. Сега не би купил Фиат.
- Цитроен 2/10= Никој не ми ни пријде, а и немаше никој во близина. А баш ми се свиѓаше ДС3. Сега не би купил Цитроен.
- Алфа 0/10= Имаше типац, кој се шеташе наоколу, и ги игнорира заинтересираните кои влегуваат. И плус го затвораат салонот скоро 2 саати пред наложеното работно време. Никогаш не би купил Алфа.