@filipv, појма немам од кај ги извади фактиве што ги изнесе тука, за пакети во секунда, за порти, за апстрим на рутер, за политика или полиса...
Може затоа што 10 години го работев тоа у провајдерите? 
Незнам во какви провајдери си работел, најверојатно некои алтернативни, моите скромни познавања од областа на струјата и сигналите кои произлегуваат од неа велат дека тоа со мали пакети нема никаква врска со муабетот, уште помалце па да се корисит како метода за лимитирање на торенти. Има еден куп сообракај кој користи мали пакети (DNS request-и на пример), така да малите пакети не се ексклузивна карактеристика за торент а уште помалце па да биде фактор со кој ке се ограничат така точно на 100 кбпс. А за големината на пакетите еве и доказ во прилог, еден packet capture направен со WireShark, каде повеќе од очигледно е дека големината (length) на рамките (а.к.а. frames) е максимална т.е. 1514 бајти, и сега дури и би шпекулирал дека ако подесиш Jumbo Frames на клиентот и на рутерот дека ке бидат дури и 9000 бајти.
Се прави лимитација на пакети во секунда од сосема друга причина, а таа е traffic floоd, односно кога некој ке реши да испраќа огромна количина на мали пакети кои бараат време за процесирање и со тоа го гуши рутерот и ги сјебува перформансите. Затоа производителите, барем на повисоките класи на рутери, наведуваат routing performance или routing capability за различна големина на пакети, како и за различни конфигурации (правила, полиси или политики, огнени ѕидови итн итн итн). Вообичаено, перформансите на рутерот се околу 20%-25% за пакети со големина од 64 бајти во споредба со перформансите при пакети со големина од 1500 бајти (можам и да постирам некоја спецификација ако има потреба).

Секогаш сум имал 90% од брзината на торент, или повеќе. Кога не била толку значи имало некој проблем. Барем досега.
Мала исправка, најчесто сум имал 100% од брзината на торент (ако торентот е добар), стварно ми е нејасно како тоа ви е нормално на торрент да имате 10% од брзината. Ми се има случувано и да имам 300% од брзината, ама тоа затоа што сум наишол на некој сидер во локалната мрежа на близу, на ЛАН сум, па ми симињало и со 60Мбпс.
П.С. Слободно можам да кажам дека во споредба со филипв сум го измислил интернетот... море и token ring-от сум го измислил бре
П.П.С. Се шалам, не сум го измислил, ама се имам сретнато со него во неколку наврати.