Вакви црви може да има и на било кој нормален сајт, кој го хакнале хакерите.
@Allexxander прва работа, не го држи вклучен компјутерот и најубаво целосно извади ги хард дискот. Можеби сеуште не се криптирани сите фајлови (но најверојатно се, пошто тек тогаш се јавува пораката за откуп).
Не знам што да да ти кажам паметно освен тој сајтот за декриптирање, што веќе ти го линкале.
Само една работа, вирусот обично криптира фајлови како : документи, фотографии, видеа... Пробај да уплоудуваш такви фајлови, и немој од тој компјутер/ОС да го правиш тоа. И немој EXE фајлови да пренесуваш на вториот компјутер (од каде ќе го правиш сето ова), а ако си користел УСБ стик -прво искенирај го.
Како и да е, што и да се деси... памет за следен пат. Поставете бе луѓе еден акаунт за сурфање, акаунт кој нема административни привилегии. И нормално солидна шифра за админот.
Ова ви е посигурно од било кој антивирус (кој секако треба да се има).