Проблем може да има со секој импортер и секој производител - секоја чест на Зипо што отворено си кажува за проблемите и непријатностите кои ги имал со Порше Македонија.
Одредено време правев редовни сервиси на Леонот во Порше Македонија, откако истече гаранцијата во Ка-Дис. Секогаш сум бил пречекан максимално културно и на време. Да, имало моменти кога ми закажувале сервис после 5-6 па и 10 дена од кога сум се јавил, но тоа никогаш не ми било некаков проблем или индикатор на непрофесионалност, туку едноставно на зафатеност. Зафатеност која е разбирлива со оглед на бројката на продадени возила тука, но и на Косово.
Престанав да ги правам редовните сервиси кај нив заради високата цена на маслото. Сите други работи беа со прифатливи цени, мање-више исти како да ги купувам деловите надвор од овластен сервис, али маслото им беше скапо - околу 1000 мкд по литар.
Но од друга страна, кај нив го правев големиот сервис што се прави на 65000 км, и сменив каиши, затегачи, пумпа за вода, дрн-дрн. После 25.000 км еден затегач почна повремено да зуи. Без никаков проблем и бесплатно ми го заменија затегачот и ребрастиот каиш.
Во еден момент ме разочараа кога требаше да постават дијагноза на проблем. Леонот почна насабајле малку да се загрцнува пред да запали - верглаше секунда-две пред да запали. Го однесов во Порше, и ми рекоа дека треба да се отвори главата на моторот и да се исчисти. Тоа ми беше малку нелогично, па се консултирав и со други луѓе. Искочи дека било изместено палењето. Го средив тоа, и еве година и нешто после тоа, Леонот и на -15 пали од прва без никакви проблеми.
Тука имаа сериозен промашај, и изгубија доверба која што ќе им треба време да ја вратат.
Генерално сум задоволен. Имаме неколку возила кои одат на одржување во Порше Македонија и секогаш биле примени на време и средени на време. На татко ми Пасатот (1.4, TSI 122) имаше некои ситни зафрканции со работење под мал гас рано насабајле, но и тоа се реши со апдејт на софтвер. Ќе го одбијам тоа на бебешки болести пошто кога го земавме пасатот TSI моторите беа нови, и само што почнаа да ги вградуваат во Пасат.