Автор Тема: Колку се квалитетни автомобилите купени од салон?  (Прочитано 101036 пати)

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13919
ОК, наметнавте тема као старите коли не чинеле и сл.
Па се цитира и Хенри Форд „Најдобар автомобил е нов автомобил“.
И јас рака на срце играв на таа карта пред 10 години па купив кореец кој верно ме служи и се откажав од увезена кола.

Некои луѓе не поминале така лесно.

Особено сопствениците на Citroen.

Некои ја обвинуваат марката дека е слаба и продава фалш автомобили кои имаат проблеми. За разлика од кај нас, во ЕУ не се жалат толку многу од Ц3, Ц4. Тоа ме натера да поистражувам малку и налетав на интересни сознанија.

Имено некаде читав една приказна на еден дечко кој си купил Цитроен Ц4 од Автонова. Со цела мака си ги собирал парите и се спружил со најпоследниот попуст 11500 евра за стариот модел.

Намерно го купил стариот модел. Нели сите детски болести наводно се санирани, електрониката (ахиловата пета на моделот) работи беспрекорно.

Доаѓа пријател од Франција кој работи во производството на С4. Дечково со цел ќеиф му ја покажува колата што излегла од кај него во фабрика. Другарот што работи го замолил детално да ја прегледа колата онака. Го замолил да отвори врати и да измерат одредени димензии на колата за одреди на која класа припаѓа производот. Се разбира секоја фабрика има класа која е во рамките на нормалата за одреден производ.

Се испоставило дека колата на другарот е Класа 5 односно возила кои се даваат за Тест возила и се со 50% попуст од фабрика. Возилото си е ОК, помина на тестот за квалитет ама има големи одстапувања.

Па после тоа се чудиме како во Македонија имаме најевтини нови автомобили.

Верувајте тие салони, гаражи не се продаваат ако имате само 1000 евра ќар од нов автомобил. Така што отворете ги очите што купувате, ако може тоа да се каже :)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Колку се квалитетни автомобилите купени од салон?
« Одговори #1 на: 29 Јануари 2012, 21:37:58 pm »
Практично е да ги знаеш влезните цени, ако сакаш да купуваш.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Колку се квалитетни автомобилите купени од салон?
« Одговори #2 на: 29 Јануари 2012, 21:39:02 pm »
1 пример: Дедо ми купува од Виена Опел Кадет Б во далечната 1967 година. Тргнува накај дома и во словенија зарибува. Го шлепаат назад, го сервисираат и еве го кадетот ден денес на 45 годишна возраст нема никаков проблем со моторот, али шасијата и лагерите страдаат.

2 пример: 3 нови фолксваген поло и 2 туарега 3.0 ТДИ се расипуваат еднаш во 4-5 месеци со сигурност

3 пример: гомно кола Шевролет Спарк купена од салон после 4 години беспрекорно работи без ниеден дефект освен прегорена сијаличка за резерва гориво

Што да ти кажам. Извлечи заклучок самиот :) Освен ако не купуваш јапонска кола, подобро помоли се прво па после види што те снашло :D

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13919
Одг: Колку се квалитетни автомобилите купени од салон?
« Одговори #3 на: 29 Јануари 2012, 21:40:51 pm »

3 пример: гомно кола Шевролет Спарк купена од салон после 4 години беспрекорно работи без ниеден дефект освен прегорена сијаличка за резерва гориво

Што да ти кажам. Извлечи заклучок самиот :)

Тоа е до тебе. Премногу си ја возел на резерва :D :D :D

Инаку еве јас иам Daewoo, помалку крцка од ганц нова Peugeot 207 :D

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8952
Одг: Колку се квалитетни автомобилите купени од салон?
« Одговори #4 на: 29 Јануари 2012, 21:43:32 pm »
и да ги знаеш влезните цени има минимум под кој нема да ти ја дадат освен ако увозникот не ти е најдобриот пријател, ама во поглед на квалитет ова ништо незначи, несакам ни за пола цена да купам шкартна кола.

Ако ова со Цитроен е вистина, стварно незнам тоа е резил невиден ама факт е дека такви возила излегуваат а каде ке завршат никој не знае

Отсутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3774
Одг: Колку се квалитетни автомобилите купени од салон?
« Одговори #5 на: 29 Јануари 2012, 21:44:25 pm »
Имаме купено два нови Цитроени, никакви проблеми досега од типот луда електроника. Другарче има досега сменато три Цитроени(сите купени нови) и никогаш немал проблем со нив.
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Колку се квалитетни автомобилите купени од салон?
« Одговори #6 на: 29 Јануари 2012, 21:47:43 pm »
Тоа е до тебе. Премногу си ја возел на резерва :D :D :D
Да ти кажам најискрено, кога прв пат ми светна реков ќе најдам кој осигурач е и ќе го извадам, не сакам да ми свети.
Кога после година дена некаде забележав дена стварно не свети сијаличката..... си викам еј да ти ибам... :D

Иначе директорот на една фирма каде што работев имаше Ксара Пикасо. Откако неколку пати со полн резервоар го оставаше „без гориво“, реши да ја продаде и зема Пежо 307sw. Немој да почнуваш муабет за Цитроен со него. Очи ќе ти извади.

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8952
Одг: Колку се квалитетни автомобилите купени од салон?
« Одговори #7 на: 29 Јануари 2012, 21:47:50 pm »
се на се како ке ти се погоди колата така и тоа е тоа...и цитроен и мерцедес

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Колку се квалитетни автомобилите купени од салон?
« Одговори #8 на: 29 Јануари 2012, 21:52:10 pm »
1. Фиеста ТДЦи - купена нова 5 години супер.

2. Поло бензинец - купено ново 5 години супер.

3. Голф 1.9тди - купен нов 7 години супер.

4. Мечка е320 цди АМГ - купена на старо супер.

5. Шкода Фабиа бензин - купена 4 години супер.

6. Фиат уно 1.4 турбо - купено на старо пушти уље.

7. Цитроен ЗХ -купен нов супер.

8. Форд Мондео 2.0 тдци - 2 години супер

9. Форд Мондео 2.0 -9 години нов супер

10. Форд мондео 2.0 - 16 години нов супер

11. Опел астра 1.6 ГТЦ - 4 години на старо супер

12. Мечка МЛ 320 цди АМГ - 2 години нов супер

13. Мечка А160 амг - 5 години на старо купена супер.

14. Матиз - 3 години на старо, за никаде продадено за 6 месеци и купено под број 13.

15. Опел Астра 1.4 - 5 години нова за никаде, продадена за 9 месеци.

16. Форд фиеста 1.25 тренд - 3 години нова супер.

17. Мечка А150 - 4 години на ново, за никаде продадена за 8 месеци.

18. Ауди А3 1.6 - 3 години, ново супер.

19. Ауди А3 ТСи - 4 години ново супер.

20. Голф 3 бензин со плин - ~13 години на старо, супер.

21. Ибица ТДи, на ново 2 години супер.

22. Туарег 5.0 ТДи, 3 години на ново супер.

:)

Отсутен KaZaN

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3901
  • Шуруп Мајстор
    • Шуруп Мајстор
Одг: Колку се квалитетни автомобилите купени од салон?
« Одговори #9 на: 29 Јануари 2012, 22:06:24 pm »
15. Опел Астра 1.4 - 5 години нова за никаде, продадена за 9 месеци.

овој момент не го сватив? нова земена? или земена стара 5 години?

моето искуство со нови коли до сега е исклучиво позитивно. не сум имал никогаш листа ко Deni од 22 комада, ама до сега само позитивно. Конкретно за овие две што моментално ги имам...

1.Матиз, 2000година, до ден денес - одличен.
2.Астра Х, 2010година, до ден денес, исто така - одлична.

како и да е, ако е вистина ова со муабетов за цитроенот, којзнае колку коли од било кои други брендови такви има кај нас...

страшно.

Отсутен DENDE-LANCERED

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5542
  • LANCER EVO (GreeN EditioN)
    • http://forum.carclub.mk/index.php/topic,101.0.html
Одг: Колку се квалитетни автомобилите купени од салон?
« Одговори #10 на: 29 Јануари 2012, 22:33:29 pm »
Po toa kako evropjanite gledaat na nas, ne me iznenaduva da prakaat losoto kaj nas.

A baska muabetot za importerite, koj gledaat na sekoj nacin da zarabotat extra.
Nezno klikni na; http://forum.carclub.mk/index.php/topic,101.0.html      If you want to have a free ride!

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7385
Одг: Колку се квалитетни автомобилите купени од салон?
« Одговори #11 на: 29 Јануари 2012, 22:45:49 pm »
2 х Голф 5 1.4 2008... никаков проблем до сега/  ~97.000км...

А приказната од првиот пост ми е позната,сум ја читал некаде на друго место/

Отсутен DayWalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3063
  • Ќебапбрингер!
Одг: Колку се квалитетни автомобилите купени од салон?
« Одговори #12 на: 29 Јануари 2012, 22:55:22 pm »
Незнам некако по искуствава и рекла-казала французиве заебават некако
еве една листа, не се мои, туку што сме ги имале дома
Peugeot 306 SW ич не ми текнува што моторче беше, знам дизел ама која кубикажа поима неам - али колата беше страшно добра...никаков проблем ама никако на некои 150.000 е продадена ама ко нова и внатрешно  и надворешно и моторчето
После тоа Peugeot 407 2,0HDI - супер кола уште ми е омилена и заљубен сум у неа...моторот страшно добар, иде/влече одлично електрониката никаков никаков проблем, се беше супер, само маана и беше што беше доста доста ниска за такво возило да не го наречам фамилијарно...тротоар никако
Дојде после Peugeot 4007 2,2HDI еве го 60тина илјадарки супер си е мака нема, машина :)
Seat Ibiza 1.4 2006та до 115.000 км беспрекорна, неам зборови, што издржа таа кола алал да и е...таа беше на брат ми, до вчера што се вика летово ја продадовме стварно претерано издржливо количе и машинче, не е брзо, не троши малку ама онака супер аутце дефинитивно
И моето фиестиче - имае еден проблем со ребрастиот каиш како што знаете од тогаш мака нема океј е се...е сеа колку за тоа може да се рече не е квалитетна незнам, али мислам дека мојата беше некој исклучок, али ништо сериозно, под гаранција сменето сеа е ко нова :)

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43709
  • Il Moderatore
Одг: Колку се квалитетни автомобилите купени од салон?
« Одговори #13 на: 29 Јануари 2012, 23:13:34 pm »
мене ми е малце темава „шашава“... не е исто квалтитетно Fiat Panda и Mercedes S-Klasse, без разлика што и двете ќе ги најдеш во салон. Знам ладата моја, требаше убаво да ја „презаштрафам“ внатрешноста, уште првата недела, па сиротата издржа 150-60 иљадарки на крај :)

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8952
Одг: Колку се квалитетни автомобилите купени од салон?
« Одговори #14 на: 29 Јануари 2012, 23:54:47 pm »
брее Дени, топ листа надреалиста ;D ;D