Автор Тема: Колку се квалитетни автомобилите купени од салон?  (Прочитано 101048 пати)

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Колку се квалитетни автомобилите купени од салон?
« Одговори #45 на: 31 Јануари 2012, 14:20:42 pm »
ако беше вака, производителите можеа за сите да им кажуваат дека се прва класа и да си земат повеке пари ;)
Мислиш дека не е така? Мене ми изгледа дека дилерите имаат дадено заклетва за молчење :) никогаш немад а признаат какви трипер комбинации прават :D

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8952
Одг: Колку се квалитетни автомобилите купени од салон?
« Одговори #46 на: 31 Јануари 2012, 14:31:52 pm »
ако беше вака, производителите можеа за сите да им кажуваат дека се прва класа и да си земат повеке пари ;)
Мислиш дека не е така? Мене ми изгледа дека дилерите имаат дадено заклетва за молчење :) никогаш немад а признаат какви трипер комбинации прават :D
абе шо сакаат нека праат, јас до сега не сум имал тежок проблем со нов автомобил, а дека има има и секогаш ке има нели ништо не е совршено ;D

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Колку се квалитетни автомобилите купени од салон?
« Одговори #47 на: 31 Јануари 2012, 14:42:19 pm »
.... освен ФОлксваген, Хонда и Опел :D

Отсутен Sarach

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 698
Одг: Колку се квалитетни автомобилите купени од салон?
« Одговори #48 на: 31 Јануари 2012, 14:42:45 pm »
garancijata vazi samo so prijateli.

nemam prijateli, ne sum ni redoven musterija, prva kola sto sum ja kupil vo MAS. garancijata vazi za sekogo.

Отсутен VTR

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 733
Одг: Колку се квалитетни автомобилите купени од салон?
« Одговори #49 на: 31 Јануари 2012, 14:57:12 pm »
Моето мислење е дека повеќето производители (мислам дека јапонците не спаѓаат во повеќето) праќаат пониски класи на квалитет кај нас, никоја фабрика не вади 100% прва класа на квалитет тоа на сите ни е јасно, и нормално дека ако е пониска класа возилото нема да биде претопено во старо железо туку ќе пополни некои земји како нашата :) на пример зошто линеата не ја внесуваат во еу, или пак флуенсот, талиа? мое мислење е дека од тие возила ниедно не ја исполнува првата класа на квалитет, и затоа ги собираме ние... Јасно ми е дека некои возила се за одредени пазари, ама зошто баш тие што се склопуваат во турција да можат да се регистрираат кај нас, а во еу не?
Сите горенаведени модели се возат низ Германија,така да незнам од каде таа информација дека овие модели ги нема во ЕУ...Едни од причините зошто се склопуваат во Турција се
-Поевтина работна рака,
-Пред се наменети се за Блискоисточните пазари каде многу,многу повеќе се возат/купуваат седан возилата и ред други работи....
Овие модели ионака не нудат баш многу,пошо се доста ‘евтино‘ изработени,ама за цената ‘нудат‘ многу(според производителите),посебно Линеата која е преголема мизерија
Ги има да, ама не во сите земји, а и во тие што ги има се со мал број... Да ефтина работна рака, ама со ефтина работна рака паралелно добиваш и ефтин квалитет :) јас кога седнав прв пат во линеата, незнаев дека се прави во турција, ми изгледаше многу поефтино од гранде пунто, истото чувство го добив и во флуенсот, немам ништо против тие возила, зборот ми е колку пари толку музика :)

Отсутен Sportex

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7879
  • Иштван Беќар Пецарош
    • camouflage.mk
Одг: Колку се квалитетни автомобилите купени од салон?
« Одговори #50 на: 31 Јануари 2012, 15:08:43 pm »
Свесно и одговорно тврдам дека колите наменети за западна европа и за балканот не се исти! Ми кажуваа, не верував! Лани се уверив сам!

Зборувам за германските коли, за француски само се соменвам дека е можеби така како што велите пошто седнав во витамин лани во Нирнберг ист како мојот и разликата беше осетлива и видлива, за другите производители не знам?

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14288
  • Пудингот на шоферството
Одг: Колку се квалитетни автомобилите купени од салон?
« Одговори #51 на: 31 Јануари 2012, 17:26:44 pm »
Моето мислење е дека повеќето производители (мислам дека јапонците не спаѓаат во повеќето) праќаат пониски класи на квалитет кај нас, никоја фабрика не вади 100% прва класа на квалитет тоа на сите ни е јасно, и нормално дека ако е пониска класа возилото нема да биде претопено во старо железо туку ќе пополни некои земји како нашата :) на пример зошто линеата не ја внесуваат во еу, или пак флуенсот, талиа? мое мислење е дека од тие возила ниедно не ја исполнува првата класа на квалитет, и затоа ги собираме ние... Јасно ми е дека некои возила се за одредени пазари, ама зошто баш тие што се склопуваат во турција да можат да се регистрираат кај нас, а во еу не?
Сите горенаведени модели се возат низ Германија,така да незнам од каде таа информација дека овие модели ги нема во ЕУ...Едни од причините зошто се склопуваат во Турција се
-Поевтина работна рака,
-Пред се наменети се за Блискоисточните пазари каде многу,многу повеќе се возат/купуваат седан возилата и ред други работи....
Овие модели ионака не нудат баш многу,пошо се доста ‘евтино‘ изработени,ама за цената ‘нудат‘ многу(според производителите),посебно Линеата која е преголема мизерија
Ги има да, ама не во сите земји, а и во тие што ги има се со мал број... Да ефтина работна рака, ама со ефтина работна рака паралелно добиваш и ефтин квалитет :) јас кога седнав прв пат во линеата, незнаев дека се прави во турција, ми изгледаше многу поефтино од гранде пунто, истото чувство го добив и во флуенсот, немам ништо против тие возила, зборот ми е колку пари толку музика :)
Чим во Германија и Франција ги има(најголемите пазари) рачунај дека ги има и во другите земји,е сеа можи ги нема во 2-3 земји,ама тоа не значи дека тие се направени со некој посебен стандард за други пазари...Флуенс мислам дека се произведува само во Турција,така да и тие што идат кај нас,и тие што одат во Европа и Блискиот исток се изработени од истите материјали,истата технологија,истата работна рака....А што се случува во кругот на фабриката(дали таму ги подредуваат по квалитет,или некои во самото склопување се фалични),тоа ниту јас,ниту било кој друг од тука нема да го дознаеме
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Sportex

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7879
  • Иштван Беќар Пецарош
    • camouflage.mk
Одг: Колку се квалитетни автомобилите купени од салон?
« Одговори #52 на: 31 Јануари 2012, 18:15:57 pm »
Не, нема коли правени посебно за различни пазари. Нема муабет од типот, дај тоа скапаниот лим од Албанија да удриме една 5 дневна продукција за Макеоднија! Не постои такво нешто. Само има разлика во класата, односно има коли кои го поминуваат тестот и задоволуваат критериумите за квалитет и оние кои не го поминуваат тестот ама се задоволитлени за критериумите на други пазари. Зависно од тежината на одстапувањето од она што представува стандарден кавлитет ги делат, кои се за Русија, кои се за Балканот, кои се за на трето место!

Барем така ми кажа човек шо има работено во VW до пред 5 години.
« Последно менување: 31 Јануари 2012, 18:30:20 pm Sportex »

Отсутен Tome-Colt

  • Близок до администрацијата
  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4619
  • Муфљуз
Одг: Колку се квалитетни автомобилите купени од салон?
« Одговори #53 на: 31 Јануари 2012, 18:26:31 pm »
Се согласувам со тоа дека колите што се носат за Балканскиве пазари се со понизок квалитет ама мислам дека најмногу придонесува лошата состојба на патиштата кај нас. Каков сака да е квалитетот кога ќе го изложиш на услови какви што ги имаме кај нас нормално е да страда побрзо и кога ќе ја споредиш со кола што се возела во  Германија на пр. со исто годиште да биде во полоша состојба.
„Јас, Филип, кењам по форуми и не треба човек ништо да ми верува. Се што пишав за брзината на возење е куп гомна од коњ.“

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43710
  • Il Moderatore
Одг: Колку се квалитетни автомобилите купени од салон?
« Одговори #54 на: 31 Јануари 2012, 18:40:19 pm »
Никој не ти брани да си земеш ауто од  странски авто салон. Ем ќе ти ги одбијат давачките за нивната држава, ќе си добиеш цена за извоз. Па бујрум увези си ја сам :)

Разлика меѓу „наши“ и европски аута постои! Ако не се лажам, еден од примерите е со Астра H, која кај нас доаѓа со добоши за 1.4 и 1.6 моторите освен ако не земеш ЕСП. Во ниеден странски (претежно европски) релевантен и понерелвантен онлајн/офлајн медиум не сретнав информации за модел со добоши. Можеби сите таму имаат и ЕСП - не би знаел. За Stilo-то знам дека само на овие простори беше нудено со 2 воздушни перничиња, а за сите други барем 6. Што се однесува до механичките делови, тука не верувам дека има разлики. Она што на луѓево по светов им се десило со аутата, често пати и мене ми се случувало, истите „болести“ важат како во светот, така и кај нас. Најчесто, разликите се во опременоста. Нема тапацир над мотор, нема амортизери за хауба, нема заштитен плех одоздола, нема есп, нема 4 воздушни перничиња, поефтини гуми (на стилото имаше некои Firestone - поише камен него оган) итн... Она што е останато од механика, искрено верувам дека е исто.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Колку се квалитетни автомобилите купени од салон?
« Одговори #55 на: 31 Јануари 2012, 18:45:35 pm »
Колите се исти. Само се нудат поефтини верзии од колите.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43710
  • Il Moderatore
Одг: Колку се квалитетни автомобилите купени од салон?
« Одговори #56 на: 31 Јануари 2012, 18:49:46 pm »
Колите се исти. Само се нудат поефтини верзии од колите.

Она што сакав да го кажам - сублимирано во 2 реченици.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14288
  • Пудингот на шоферството
Одг: Колку се квалитетни автомобилите купени од салон?
« Одговори #57 на: 31 Јануари 2012, 20:19:44 pm »
Колите се исти. Само се нудат поефтини верзии од колите.
Точно така Дени,во повеќето Европски земји не се нудат 1.4 атмосферци во компакт класата,а кај нас се нудат(а со самото тоа доаѓа и помалку опрема-онаа која ја наведе Симо),но тоа не значи дека квалитетот на возилото е на пониско ниво...И не мие јасно шо спаѓа во понизок квалитет,вратата нема да биди убаво наместена,или ке нема гумици на вратите/стаклата итн.итн
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен VTR

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 733
Одг: Колку се квалитетни автомобилите купени од салон?
« Одговори #58 на: 31 Јануари 2012, 20:59:15 pm »
Колите се исти. Само се нудат поефтини верзии од колите.
Точно така Дени,во повеќето Европски земји не се нудат 1.4 атмосферци во компакт класата,а кај нас се нудат(а со самото тоа доаѓа и помалку опрема-онаа која ја наведе Симо),но тоа не значи дека квалитетот на возилото е на пониско ниво...И не мие јасно шо спаѓа во понизок квалитет,вратата нема да биди убаво наместена,или ке нема гумици на вратите/стаклата итн.итн
Во понизок квалитет се деловите кои ќе се монтираат на самото возило, односно се ставаат поефтините гуми, постарата технологија, на пример постар ECU, или барабани на задни сопирачки, поголеми толеранции за зјаевите на вратите, крилата, поефтина пластика во внатрешноста, понеквалитетни облоги на седиштата, на тапацирите, понеквалитетни плочки за кочење, поефтина ламела и потисна плоча, поефтина фарба и заштита на возилото од корозија, поевтини стакла, итн...

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8952
Одг: Колку се квалитетни автомобилите купени од салон?
« Одговори #59 на: 31 Јануари 2012, 21:01:50 pm »
Колите се исти. Само се нудат поефтини верзии од колите.
Точно така Дени,во повеќето Европски земји не се нудат 1.4 атмосферци во компакт класата,а кај нас се нудат(а со самото тоа доаѓа и помалку опрема-онаа која ја наведе Симо),но тоа не значи дека квалитетот на возилото е на пониско ниво...И не мие јасно шо спаѓа во понизок квалитет,вратата нема да биди убаво наместена,или ке нема гумици на вратите/стаклата итн.итн
Во понизок квалитет се деловите кои ќе се монтираат на самото возило, односно се ставаат поефтините гуми, постарата технологија, на пример постар ECU, или барабани на задни сопирачки, поголеми толеранции за зјаевите на вратите, крилата, поефтина пластика во внатрешноста, понеквалитетни облоги на седиштата, на тапацирите, понеквалитетни плочки за кочење, поефтина ламела и потисна плоча, поефтина фарба и заштита на возилото од корозија, поевтини стакла, итн...

не е баш до толку, ќе набавува сега VW или citroen едни гумици за балкан едни за европа па пола балкан им е веке во ЕУ, тоа од горе на Симо и Дени е тоа што е реално.