Никој не ти брани да си земеш ауто од странски авто салон. Ем ќе ти ги одбијат давачките за нивната држава, ќе си добиеш цена за извоз. Па бујрум увези си ја сам
Разлика меѓу „наши“ и европски аута постои! Ако не се лажам, еден од примерите е со Астра H, која кај нас доаѓа со добоши за 1.4 и 1.6 моторите освен ако не земеш ЕСП. Во ниеден странски (претежно европски) релевантен и понерелвантен онлајн/офлајн медиум не сретнав информации за модел со добоши. Можеби сите таму имаат и ЕСП - не би знаел. За Stilo-то знам дека само на овие простори беше нудено со 2 воздушни перничиња, а за сите други барем 6. Што се однесува до механичките делови, тука не верувам дека има разлики. Она што на луѓево по светов им се десило со аутата, често пати и мене ми се случувало, истите „болести“ важат како во светот, така и кај нас. Најчесто, разликите се во опременоста. Нема тапацир над мотор, нема амортизери за хауба, нема заштитен плех одоздола, нема есп, нема 4 воздушни перничиња, поефтини гуми (на стилото имаше некои Firestone - поише камен него оган) итн... Она што е останато од механика, искрено верувам дека е исто.