Ги гледав и понудите на нови коли, ама испод 32к не се, и тоа со основна опрема. Јас сакам со поголем багажник, барем 560 л да е. Со бебе сум, и ни треба повеќе простор.
Сега имаме волво в40, и едвај не собира.
Работата е што сакаме кеш да ја платиме, и не ми се дава 35к кеш за кола. Сакам да имам повеќе на страна за не дај Боже. А кредит да зимам за кола па ич не сакам.
А волвото ќе ни остане како втора кола, сега втората кола ни е постара и на нашите ќе ја даваме.
Да го продававме волвото друга песна ќе беше. Ама ни треба втора кола, и од прв газда ми е земено од Белгија, и чувано од моја страна перфектно. Грев е да ја продадам.

Затоа барам за околу 20-25 к. Нов СУВ со поголем багажен простор баш и нема.